mk

en

sq

 

Датум: 24/11/2017

Време: 23:24:53

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата | ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСНИОТ РИЗИК

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСНИОТ РИЗИК

(1) Основните принципи и стандарди за управување со ликвидносниот ризик се состојат во следното:
1) Штедилницата е должна да го идентификува, мери, следи и контролира ликвидносниот ризик, во согласност со природата, обемот и сложеноста на финансиските активности кои ги врши, на начин со кој ќе овозможи непречено, непрекинато и навремено извршување на достасаните обврски.
2) Штедилницата врши тестирање на ликвидноста при различни сценарија, со цел да се следи ликвидносниот ризик и да се обезбеди соодветна ликвидносна позиција. Врз основа на овие сценарија за управувањето со ликвидносниот ризик, Штедилницата е должна да дефинира начини за обезбедување соодветна ликвидност, имајќи ги предвид нормалните (вообичаените) приливи и одливи (основно сценарио) и можните случувања при ликвидносна криза (сценарија за стрес-тестирања). Штедилницата е должна редовно да врши ревидирање на соодветноста на претпоставките кои се основа на овие стрес-тестирања.
3) Штедилницата е должна да воспостави план за управување со ликвидносниот ризик во вонредни услови, кој меѓу другото, содржи и задолженија за изготвување извештаи со податоци, показатели и други информации кои се неопходни за преземање мерки во случај на ликвидносни кризи, но и за интерно известување во рамки на Штедилницата. Штедилницата врши редовно тестирање на соодветноста на планот за управување со ликвидноста во вонредни услови (ликвидносна криза). Планот содржи и обврска за информирање на Народната банка на Република Македонија за причините кои претставуваат опасност за ликвидноста на Штедилницата, како и за планираните мерки и активности на Штедилницата за нивно отстранување.
(2) Штедилницата воспоставува информативен систем кој обезбедува изготвување најмалку на следните податоци и извештаи за:
1. резидуалната договорна и очекувана рочна структура на побарувањата и обврските на Штедилницата;
2. најголемите депоненти и кредитори и за нивото на концентрација на обврските на Штедилницата;
3. проектираните ликвидносни потреби и изворите на финансирање на ликвидносните потреби во утврдени временски интервали;
4. стабилноста на депозитите на Штедилницата (според рочност, сектор);
5. готовинските текови на Штедилницата во одреден временски интервал и др.

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017