mk

en

sq

 

Датум: 24/11/2017

Време: 23:23:13

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата | ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОПЕРАТИВЕН РИЗИК

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОПЕРАТИВЕН РИЗИК

Идентификување на оперативниот ризик.

(1) Процесот на идентификување на оперативниот ризик овозможува да се опфатат сите ризични настани на кои е изложена Штедилницата, без разлика дали станува збор за настани кои што можат или не можат лесно да се квантифицираат.
(2) Внатрешните фактори се поврзани со природата на активностите што ги врши Штедилницата, нејзината организациска структура и промените во оваа структура, квалитетот и промената на човечките ресурси и слично.
(3) Кон овие фактори поврзани со работењето на штедилницата треба да се додадат и надворешните фактори, како што се промените во банкарското работење и технолошкиот развој.
(4) Она што е особено значајно е пристапот кон идентификувањето на оперативниот ризик да се применува во сите организациски единици на ист начин, односно секоја организациска единица на штедилницата да има исто разбирање за секој вид на ризичен настан кој што претставува изложеност на оперативен ризик.
Оцена или мерење на оперативниот ризик.
(1) Штедилницата користи неколку инструменти за оцена на оперативниот ризик, и тоа:
1) Сопствена оцена на ризикот - штедилницата прави оцена на сопственото работење и активностите кои што ги врши за да ги утврди потенцијалните ризични настани.
2) Показатели на ризик - најчесто станува збор за финансиски показатели кои што даваат слика за профилот на ризичност на штедилницата.
Следење и известување за оперативниот ризик
(1) Редовното следење на оперативниот ризик овозможува навремено идентификување на проблемите или недостатоците во политиките, процедурите или практиките за управување со овој ризик.
(2) За ефикасно следење на оперативниот ризик, штедилницата може да определи гранични вредности на показателите за ризик коишто ги користи за мерење на овој ризик или да воспостави показатели за рано предупредување.
Контрола и намалување на оперативниот ризик
(1) Заради воспоставување соодветна контрола на нивото на оперативен ризик, Штедилницата врши анализа која што ќе овозможи утврдување на:
1) ризиците коишто ќе ги прифати како дел од нејзиното работење,
2) ризиците коишто ќе бидат прифатени и ќе бидат предмет на контрола или намалување, вклучувајќи и нивен пренос на трети лица преку осигурување на ризичните настани;
3) ризиците коишто нема да ги прифати (ќе ги избегнува).
1. Контролата ќе содржи и.


1) следење на концентрацијата на одлучување со цел доследно почитување на овластувањата утврдени со Политика за управување со кредитен ризик на Штедилницата и правата за одобрување на кредити кои произлегуваат од неа (ризик од остварената концентрација на одлучување)
2) следење на исполнувањето на законските прописи во областа на супервизорските стандарди (ризик по основ на ризикот на законската регулатива).
3) адекватна поделба на должности со цел елиминирање на преклопувањето на извршителската од контролорската функција и
4) преземање мерки за привремено замрзнување на сметките и одбивање за вршење на трансакции како и издвојување на резервација за покривање на таков вид ризик (ризик од перење пари);
5) следење на сомнителните трансакции на физичките и правните лица,
6) Дефинирање на области или сегменти во работењето кои се потецијално повеќе ризични од останатите во Штедилницата

2. Претпоставување или прифаќање. Пред да се прифати ризикот треба да се разгледаат следниве аспекти:
1) Потенцијалниот износ на загуба;
2) Можноста за претрпување на загуба, и
3) Потреба од осигурување на услугите кои се даваат
Трансфер преку осигурување - претставува и политика на Штедилницата, да ги пренесе сите важни ризици на на осигурителна компанија со цел ризикот во целост или еден негов дел да се смали на веројатно ниво - износ на осигурување.

 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017