mk

en

sq

 

Датум: 26/09/2017

Време: 12:59:36

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата | ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ОД ПРОМЕНА НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ОД ПРОМЕНА НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

(1) Штедилницата воспоставува систем за управување со ризикот на каматна стапка кој произлегува од портфолиото на банкарските активности (во натамошен текст: Ризикот на каматни стапки), кој е соодветен на природата, обемот и сложеноста на активностите на Штедилницата кои влијаат врз нивото на изложеноста на Штедилницата на овој ризик.
(2) При оценката на изложеноста на ризикот на каматни стапки, Штедилницата ги има предвид сите позиции од портфолиото на банкарските активности кои се чувствителни на промените на каматните стапки, при што врши оценка на:
1) Ризикот кој произлегува од рочната неусогласеност на каматночувствителните активни и пасивни позиции;
2) Ризикот кој произлегува од движењата на кривата на принос;
3) Ризикот од разликите во висината на референтните каматни стапки на инструменти со слични карактеристики
4) Ризикот кој произлегува од опциите што вградени во каматочувствителните позиции
(3) Штедилницата го определува нивото на ризикот кој произлегува од промените во каматните стапки, од аспект на влијанието врз билансот на успех и врз висината на каматночувствителните позиции.
(4) Штедилницата дефинира лимити на изложеноста на ризикот на каматни стапки во портфолиото на банкарските активности, со цел да се намалат загубите, односно да се намалат негативните ефекти врз висината на приходите и на сопствените средства на Штедилницата од ризикот на каматните стапки, притоа имајќи ги предвид и резултатите од извршеното стрес-тестирање.
(5) Штедилницата врши редовно стрес-тестирање на влијанието на големите промени (шокови) во каматните стапки врз добивката и сопствените средства на Штедилницата. Стрес-тестирањето (стрес-сценаријата) се темели врз реално најлошите сценарија и ги опфаќа сите материјални извори на ризик од промената на каматните стапки.
(6) Штедилницата го оценува влијанието на ризикот од каматна стапка при воведување на нов производ согласно Политиката за нов производ

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 20/09/2017