mk

en

sq

 

Датум: 11/12/2017

Време: 01:15:01

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата | ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВАЛУТЕН РИЗИК

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВАЛУТЕН РИЗИК

(1)Штедилница ФУЛМ воспоставува систем за управување со валутниот ризик и носи соодветни процедури за идентификување, мерење, следење и контрола на валутниот ризик.
(2)Системот од претходниот став ги опфаќа сите активности и трансакции кои, во билансната и вонбилансната евиденција се евидентирани во девизи и во денари индексирани со девизна клаузула и кои во согласност со книговодствените правила се курсираат на редовна основа.
(3)Штедилницата го мери и следи валутниот ризик дневно. Штедилницата го мери ефектот врз приходите и расходите од работењето во девизи по одделна валута, односно Штедилницата врши дневно курсирање со користење на среден курс на Евро по курсна листа на НБРМ за курсирање на билансната евиденција евидентирана во денари индексирани со девизна клаузула.
(4 )Штедилницата воспоставува јасно дефинирани надлежности и овластувања во врска со активностите во девизи и во денари со девизна клаузула и управувањето со валутниот ризик, по организациски делови и по лица (работни места).

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 04/12/2017