mk

en

sq

 

Датум: 22/10/2017

Време: 08:39:38

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата | ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ ПРИ ДОГОВОРИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ ПРИ ДОГОВОРИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

 

(1) Со Политиката за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредит се уредува заштита на потрошувачите при склучување и реализација на договори за потрошувачки кредит во кои како корисник на кредитот се јавува потрошувачот, кој го користи кредитот во обем и за намени предвидени со оваа политика.
(2) Оваа политика ги опфаќа следниве поглавја:

1) Дефиниции на одделни изрази употребени во оваа политика;
2) Рекламирање и понуда;
3) Пристап до база на податоци
4) Договор за потрошувачки кредит;
5) Годишна стапка на вкупни трошоци
6) Право на корисникот на кредит и на Штедилницата;
7) Посредување при склучување на потрошувачки кредит ;
8) Дозвола за кредитори;
9) Извештаи
10) Организациона структура
11) Интерна ревизија и надзор;
12) Преодни и завршни одредби

(3) Секое рекламирање во врска со договорите за потрошувачки кредити, кое индицира каматна стапка или податоци поврзани со трошоците за кредитот, мора да ги содржи следните информации кои се даваат на јасен, прецизен и лесно видлив начин преку репрезентативен примерок и се однесуваат на:

1) Каматна стапка, фиксна или варијабилна или и двете, со детали за сите надоместоци вклучени во вкупните трошоци на потрошувачкиот кредит
2) Вкупниот износ на кредитот
3) Годишна стапка на вкупни трошоци
4) Траење на договорот за потрошувачки кредит доколку е применливо
5) Вкупниот износ што го плаќа корисникот на кредит и износот на ратите,доколку е применливо

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 10/10/2017