mk

en

sq

 

Датум: 22/10/2017

Време: 08:40:19

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата | ПОЛИТИКА ЗА АДЕКВАТНОСТ НА КАПИТАЛОТ

ПОЛИТИКА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА АДЕКВАТНОСТА НА КАПИТАЛОТ

 

(1) Оваа политика е поделена на неколку поглавја:

1) Утврдување на стапка на адекватност на капитал

1.1. Дефинирање минимално ниво на адекватност на капиталот

2) Сопствени средства

2.1. Основен капитал
2.2. Дополнителен капитал И и ИИ

3) Актива пондерирана според кредитен ризик
4) Капитал потребен за покривање на оперативниот ризик

4а) Пристап на базичен индикатор за утврдување на капитал потребен за покривање на оперативен ризик

5) Сегрегација на должности и одговорности при работењето
6) Известување
7) Преодни и завршни одредби


(1) Стапката на адекватност на капиталот се пресметува како однос помеѓу сопствените средства на Штедилницата и актива пондерирана според ризикот Стапката на адекватност на капиталот е ограничена поради точка 7 од Одлука за условите и начинот на работа на штедилниците ( СЛ.весник бр 79/2007; 78/2008).
(2) Штедилницата е должна постојано да одржува стапка на адекватност на капиталот, која не може да биде пониска од 8%. Гувернерот на Народна банка на Република Македонија (во понатамошниот текст: НБРМ) може да пропише повисок процент од 8% доколку тоа е потребно поради природата, видот и обемот на активностите кои ги извршува штедилницата и ризиците на коишто е изложена како резултат на тие активности.
(3) Штедилницата е должна да обезбеди адекватно ниво на сопствени средства во зависност од видот и обемот на финансиските активности и висината на ризиците кои произлегуваат од извршувањето на тие активности.Делот од сопствените средства потребен за покривање одреден ризик не може истовремено да се користи за покривање други ризици.

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 10/10/2017