mk

en

sq

 

Датум: 18/10/2017

Време: 22:37:14

За ФУЛМ | Менаџмент

Почитувани членови, дами и господа,

Четиринаесет години Штедилница ФУЛМ ја пренесува пораката “Различни од другите” обезбедувајќи побрз, поедноставен и поквалитетен пристап на населението до финансиските услуги. Деловната политика и стратегија на Штедилница ФУЛМ се темели на постојано имплементирање на нови производи и услуги, согласно барањата и очекувањата на повеќе од 7.700-те членови. И покрај многубројните предизвици со кои се соочуваме, сепак сме исклучително горди дека клучот на нашиот успех е довербата на нашите членови. Во текот на овие 14 години вработените, Управните Одбори на Штедилница ФУЛМ и Здружението на граѓани ФУЛМ, WOCCU (Светскиот Совет на Кредитни Унии), Лигата на Кредитни унии на Мичиген - MCUL Агенцијата за меѓународен развој на САД - USAID и Лигата на Полските кредитни унии - SKOK несебично и сестрано го подржуваа работењето на Штедилница ФУЛМ. ФУЛМ е синоним за успешнa малa финансиска институција на македонскиот финансиски пазар.

 

Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење.

 

Елеонора Згоњанин Петровиќ

Управител на Штедилница ФУЛМ

Почитувани пријатели,

Светскиот Совет на Кредитни Унии, Инк. (WOCCU) е интернационална трговска организација чија главна цел е развивање на штедни и кредитни унии низ целиот свет. Светскиот Совет на Кредитни Унии обезбеди помош на земјите кои развиваа или подобруваа системи на штедни и кредитни унии преку образовна, техничка и легислативна поддршка. Сите во WOCCU сме исклучително почестени и горди на еден од нашите вистински успеси во развивањето на штедни и кредитни унии. Штедилницата ФУЛМ меѓународно се користи како пример за иновативна и прогресивна штедно кредитна унија. Персоналот на WOCCU и даде голема и значајна поддршка на ФУЛМ во повеќе области од нејзиното работење како што се маркетинг, внатрешна ревизија, обука, изготвување на правилници, информациона технологија и отворање на нови филијали, а кое во целост се одрази позитивно на финансиското работење на Штедилница ФУЛМ.

 

 Искрено веруваме дека Штедилница ФУЛМ и во иднина ќе продолжи со континуиран
развој  на финансиските услуги во корист на сите граѓани на

Република Македонија.

 

Martha Ninichuk

Kreditna unija, SAD

Почитувани дами и господа,

Во текот на изминатите години предвидените развојни програми на Штедилница ФУЛМ на наше општо задоволство успеавме да ги реализираме.Тешката ситуација во која западна земјата, претходно изгубената доверба во банкарскиот систем и надостатокот на законска регулатива беа предизвиците со кои како институција постојано се соочувавме. Меѓутоа, техничката помош од Светскиот Совет на Кредитни Унии WOCCU, финансиската помош од Агенцијата за меѓународен развој на САД УСАИД, нашето партнерство со Лигата на кредитните унии од Мичиген MCUL, Програмата "Луѓе им помагаат на луѓе" како и соработката со кредитните унии од Полска проткаено со квалитетно едуцирање на персоналот се од клучна важност за справување со сите предизвици. Нашата иднина е во нашите едуцирани млади кадри кои даваат посебен белег на Штедилница ФУЛМ.

 

Нашата иднина е во сé поголемиот број на млади членови кои ни пристапуваат со желба за трајна соработка.

 

Стево Андровиќ

Претседател на Управен Одбор на ЗГ ФУЛМ

Почитувани,

Штедилница ФУЛМ и оваа година продолжи успешно да ја реализира стратегијата во насока задоволување на потребите за штедење и кредитирање на сите граѓани на Република Македонија. Основната определба на Управниот Одбор на Штедилница ФУЛМ беше и остана идентична како и претходните години и тоа: високо ниво на ликвидност, задоволително ниво на профитабилност како и високо ниво на управување со кредитен ризик. Управниот Одбор на Штедилницата постојано ја зголемува палетата на кредитни и депозитни продукти, а воедно ги интензивира и веќе постоечките линии овозможувајќи им на членовите побрз, поедноставен и поквалитетен пристап до финансиски услуги. Потврда за успешното работење на Штедилница ФУЛМ е фактот што повеќе од 8.000 членови ја изразија довербата користејќи ги нашите услуги.

 

Согласно нашата визија, поддршката од основачот како и препораките од деловните партнери
(USAID, WOCCU, MCUL), Штедилница ФУЛМ и во иднина ќе продолжи со континуиран развој на финансиски
услуги во корист на сите граѓани на Република Македонија.

 

Зулфи Џафери

Претседатседавач на ЕС на Штедилница ФУЛМ

 

 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 10/10/2017