mk

en

sq

 

: 24/08/2017

: 10:46:58

| | 10

 

 

10 години ФУЛМ

 

10 години успешни штедно кредитни унии

 

Здружението на граѓани ФУЛМ со големо задоволство го прослави 10 годишното успешно работење. На пригодната прослава која се одржа на 20 Мај 2007 година во хотел Јадран во Скопје, присуствуваа повеќе од 200 гости од Република Македонија.


Плакети за благодарност беа доделени на 21 член кој го втемелија развојот на штедно кредитните унии во Република Македонија. Специјално признание им беше доделено на Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Светскиот Совет на Кредитни Унии (WOCCU) и Лигата на кредитни унии на Мичиген (MCUL) за нивата визија во развојот на ФУЛМ.

Денес повеќе од 6500 луѓе од цела Македонија се членови на интернационалното семејство кое брои повеќе од 157 милиони луѓе во 92 земји. Членовите на штедно кредитните унии од целиот свет имаат иста цел: да се создаде поразличен свет во пресрет на желбите и потребите на нашата заедница. Горди сме што и Вие сте дел од нас, беше пораката упатена до сите членови на ФУЛМ.

Здружението на граѓани ФУЛМ преку Штедилница ФУЛМ докажа дека македонските граѓани полека, но сигурно ја враќаат довербата за штедење во финансиските институции како што е Штедилница ФУЛМ.
 

 

 

 

 

 


 

 

info@fulm.com.mk

18/08/2017