mk

en

sq

 

Датум: 29/06/2017

Време: 07:43:26

Доделена наградата “Едвард Филен Кредитни унии на Велика Британија, Интернационален едукатор за Европска Унија и Африка 2012/2013” на Елеонора Згоњанин Петровиќ од Република Македонија


Ливерпул, 6 јуни 2013: Денеска во Ливерпул, Велика Британија, Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилницата ФУЛМ - Скопје ја доби наградата Edward Filene Credit Union Awards UK 2012/13 - Overseas Development Educator of the Year from the European Union and Africa (Награда Едвард Филен Кредитни унии на Велика Британија, за Интернационален едукатор за Европска Унија и Африка 2012/2013). Наградата и беше доделена за 14-годишното успешно спроведување на системот на кредитни унии во Република Македонија и во светот. На свеченоста во хотел „Мериот“ во Ливерпул, претседателката на Интернационалната Алијанса на Кооперативи, бароницата Полин Грин (Dame Pauline Green) и ја додели наградата на Елеонора Згоњанин Петровиќ нагласувајќи ја потребата од подобри финансиски услуги на луѓето секаде во светот.

“Оваа награда ја посветувам на визијата на ФУЛМ: ‘Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење’. Повеќе од 14 години, Штедилница ФУЛМ успешно работи како дел од интернационалното семејство на кредитни унии од над 100 земји и 188 милиони членови. Успешното работење на ФУЛМ е резултат на посветеноста на сите вработени, поддршката од членовите на органите на управување и соработката со сите 7.700 членови на ФУЛМ,” изјави Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ Скопје.

На свеченото доделување на награди беше презентиран краток филм за Македонија и за успешната приказна на Штедилница ФУЛМ, која во изминатите 14 години успеа да им помогне со кредити на повеќе од 16.000 студенти, вработени, земјоделци, пензионери и невработени со дополнителни приходи, реализирајќи кредитни линии со вкупен износ од над (1) милијарда денари.

Штедилницата ФУЛМ на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година. Таа е основана со поддршка од проектот за штедно-кредитни унии во Македонија преку Светскиот совет на кредитни унии - WOCCU (www.woccu.org) и финансиски поддржана од УСАИД (www.usaid.org.mk). Штедилницата ФУЛМ има мрежа на филијали и шалтери: филијала Муртино во Струмица, филијала Полог во Тетово, филијала ЈСП, Аеродром и Шалтер во ЈСП Автокоманда,Скопје, филијала Тиквешија во Кавадарци, филијала Битола во Битола.

Штедилница ФУЛМ го имплементира проектот Гаранција за кредити за микрофинансирање, преку УСАИД Македонија. Штедилница ФУЛМ е член на Светскиот совет за кредитни унии со седиште во Медисон, САД и основач на Европската мрежа на кредитни унии со седиште во Брисел. Штедилница ФУЛМ е партнер со Лигата на кредитни унии на Мичиген,САД (www.mcul.org) и со Асоцијацијата на кредитни унии на Полска (www.skok.pl).

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 27/06/2017