mk

en

sq

 

Датум: 18/10/2017

Време: 22:38:18

Форум на жени

 

25  јуни 2016

Contact: tel.: +389 (0)70 250 497 e-mail: marijac@fulm.com.mk e-mail: ezgonjanin@fulm.com.mk

 

Поврзува, инспирира, поттикнува

Победничкиот проект за подобрување на пристапот на жените и младите до финансиски услуги, доделен на управителот на Штедилница ФУЛМ, г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ на Светската конференција на кредитни унии во Денвер, САД во 2015 година, беше почеток на воспоставување на нова и современа стратегија за комуникација на ЗГ и Штедилница ФУЛМ.

Во низата планирани активности за подобрување на пристапот на жените до финансиски услуги, на 25 јуни 2016 година, во Скопје се одржа ФОРУМОТ НА ЖЕНИ ЛИДЕРИ НА ФУЛМ МАКЕДОНИЈА.

Овој форум има за цел да ги инспирира и поттикне жените од Македонија - да добијат можност за професионален и личен развој, да ги поврзе со жените од кредитните унии ширум светот преку Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org) и Светскиот совет на кредитни унии WOCCU (www.woccu.org)

Настан: ФОРУМ на жени лидери на ФУЛМ Македонија
Организиран од: ФУЛМ Македонија
Поддржан од:  Штедилница ФУЛМ, ЗГ ФУЛМ, WOCCU, GWLN, PSCU and Mitchell Stankovic & Associates
Датум: 25 јуни 2016 година
Локација: Скопје, Зебра Центар, Квинс хотел, Сала за конференции

Глобалната мрежа на жени лидери ги поврзува жените од кредитните унии ширум светот и им овозможува професионален и личен развој преку електронски или лични едукативни платформи. Мрежата нуди меѓународни перспективи во заедничките интереси со кои се соочуваме сите ширум светот. Со вклучување во интеракција со други професионалци во бизнис-форумот, жените можат да пристапат до неограничени извори како и да учат од искуствата на другите.
 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 10/10/2017