mk

en

sq

 

Датум: 23/05/2017

Време: 18:53:50

Студентска стипендија 2015

Студентска стипендија

Здружението на граѓани ФУЛМ и Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, член на Светскиот совет на кредитни унии (World Counsil of Credit union, Medison, USA) и основач на Европската унија на кредитни унии (European network of credit union in Brussels, Belgian), во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), на 15 октомври 2015 година, го објавија добитникот на студентска стипендија – Ангела Буровска, студент на Економскиот факултет при УКИМ – Скопје.

Поттикнати од глобалното движење на кредитните унии во светот за зголемување на бројот на млади членови и постојана поддршка при едукацијата на младите луѓе ЗГ ФУЛМ и Штедилница ФУЛМ објавија натпревар за изработка на есеј на тема: Значењето на кредитните унии за светот и за Македонија. Право на учество на натпреварот имаа сите студенти од сите универзитети во Република Македонија. Пристигнатите трудови беа разгледани од посебна стручна комисија, по што беше објавен и победникот на натпреварот – Ангела Буровска.

Церемонијата за објавување и доделувањето на Сертификатот за победа на Натпреварот и освојување студентска стипендија се одржа на 15 октомври 2015 година, на Светскиот ден на кредитни унии, во просториите на Штедилница ФУЛМ Филијала ЈСП, Аеродром. Спојувањето на овие два настана во една прослава беше вистински празник за членовите и вработените во Штедилница ФУЛМ. Водени од мотото „Луѓе им помагаат на луѓе“, членовите ја споделија радоста на денот и заедно насликаа по едно платно - симбол на заедништвото во сите Филијали низ Македонија, за на крај настанот да биде крунисан со објавата на победникот на натпреварот за најдобар есеј, младата студентка Ангела Буровска.

 

„Многу ви благодарам! Сè уште не можам да поверувам деке јас сум победникот! Не очекував, многу ви благодарам..“- со неверување, срамежливо, изјави Ангела.

Им порачуваме на сите млади луѓе:

Верувајте во моќта на сопствените вложувања и едукација, а Штедилница ФУЛМ ќе биде тука за Вас – финансиски да го поддржи Вашето студирање и едуцирање, Вашите бизнис идеи при вработување, како и сите други животни потреби, бидејќи

Времињата се менуваат – вредностите остануваат!

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 11/05/2017