mk

en

sq

 

Датум: 18/10/2017

Време: 22:38:47

Студентска стипендија 2016


СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА 2016

Им благодариме на сите студенти кои учествуваа и беа дел од прославата на Интернационалниот ден на кредитните унии - 20 октомври 2016 година, на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ. Со поставување на младите како движечка, креативна, образована и прогресивна сила, оваа година, ФУЛМ Македонија го прослави овој ден, токму со и меѓу младите, промовирајќи ги принципите и придобивките од кредитните унии, особено принципот на континуирана едукација, при што ја додели и студентската стипендија за 2016 година.

Овој настан покажа дека младоста, ентузијазмот, знаењето и креативноста го движат светот. Настанот доживеа кулминација со прогласувањето на добитникот на Студентската стипендија за 2016 година, Андријана Димитријевиќ, студент на Економскиот факултет - Скопје која што покажа најдобри резултати на ФУЛМ натпреварот за знаење на тема кредитни унии,, во конкуренција со повеќе од 100 кандидати. Студентската стипендија е обезбедена од Фондот за студентски стипендии кој пред 2 години го основаа MCUL, САД и ФУЛМ Македонија за поддршка на студентите и нивната едукација. На добитничката на стипендијата и на второпласираниот на натпреварот - Бојан Лозановски, студент на ФЕИТ, им беше доделена и штедна книшка од Штедилница ФУЛМ со членски депозит, како поттик за штедење и вложување во сопствената иднина.

 


,,Ми претставува огромно задоволство, најпрво поради тоа што бев дел од еден ваков настан и што ја имав таа чест да бидам прогласена за добитник на студентската стипендија. Аплицирав за стипендијата со цел да се уверам и да докажам дека сè уште објективно се оценува трудот и знаењето на младите. Стекнав повеќе знаење од областа на кредитните унии и воедно за тоа бев наградена што за мене претставува дополнителна мотивација да продолжам да го надградувам своето знаење и да го трасирам својот пат кон успехот!” – изјави Андријана Димитријевиќ, добитникот на студентската стипендија за 2016 година.

 


,,Кога ја забележав објавата за Натпреварот за студентска стипендија, мојата девојка забележа дека како студент на ФЕИТ- Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, нема да можам да одговорам на прашалникот и дека оценувањето можеби не е објективно. Тоа беше голем предизвик за мене и сакав да докажам дека сè уште постои праведност и дека можам да ја совладам материјата за познавање на кредитните унии. Многу сум среќен за ова признание и подароците, благодарам!” – изјави Бојан Лозановски, второрангиран студент на натпреварот за студентска стипендија и добитник на штедна книшка и пригоден пакет со подароци.

 

Им порачуваме на сите млади луѓе:
Верувајте во моќта на сопствените вложувања и едукација, а Штедилница ФУЛМ ќе биде тука за Вас финансиски да го поддржи Вашето студирање и едуцирање, Вашите бизнис идеи при вработување, како и сите други животни потреби, бидејќи
Времињата се менуваат – вредностите остануваат!

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 10/10/2017