mk

en

sq

 

Датум: 23/05/2017

Време: 18:46:27

Летна Промоција 2016

 

Преку незаборавни спомени до подарок од Штедилница ФУЛМ

Многу сум среќен и благодарен! Ова е прв пат да победам на натпревар и уште повеќе - да добијам подарок, и тоа ВЕЛОСИПЕД! Овој подарок има особено значење за мене, бидејќи ме потсети на моето прво работно искуство, пред неколку години. Моите први заработени пари ги добив, преку програмата WORK&TRAVEL во Америка, токму преку достава на пратки со велосипед. Од тогаш, станав голем љубител на велосипеди, а овој велосипед одлично ќе се вкопи во моето секојдневие и ќе допринесе за поздрав живот и поздрави навики.

А како почна сето ова? Како и секој млад човек, а вработен преку Агенција за привремени вработувања, ми недостигаа пари за годишен одмор. Без двоумење се упатив во Штедилница ФУЛМ, зашто знаев дека тука вработените се исклучително професионални и љубезни, а услугата е брза и едоставна, а притоа ќе ги избегнам долгите и комплицирани процедури за добивање на кредит, што било случај на други места. Како што претпоставив, за само еден ден ги добив финансиските средства кои ми беа потребни.

Како што беше назначено во правилата за натпреварот од Штедилница ФУЛМ, на нивната веб и Facebook страна, за да учествувам требаше да ја фотографирам целта за која се наменети парите. Навистина оваа идеа беше вистинско задоволство, ова беше незаборавно лето. Со денови, со другарите, смислувавме најкреативна фотографија, на разни места и во различен амбиент и комбинации. После безброј обиди за правење креативна фотографија и многу забава, ја избравме најдобрата фотографија која ја испратив до Facebook страната на Штедилница ФУЛМ, а подоцна според гласовите на Facebook фановите на ФУЛМ, беше прогласена за најкреативна и победничка фотографија.

Морам да признаам, овој натпревар, благодарение на Штедилница ФУЛМ, го направи ова лето незаборавно.

Благодарам ФУЛМ за незаборавните спомени и подарокот- прекрасниот ВЕЛОСИПЕД!

Сашко Кметовиќ

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 11/05/2017