mk

en

sq

 

Датум: 11/12/2017

Време: 05:09:58

Новогодишна кампања на Штедилница ФУЛМ

Што зборувате?! Не ми се верува! Јас го добив главниот подарок? Какво изненадување, многу ме израдувавте! – изјави Наташа Орешковска, сопственик на фризерскиот салон StylingStudio CityGlam од Кавадарци во моментот кога го прими подарокот – Ваучер за викенд за двајца во Банско, како подарок од Новогодишната кампања на Штедилница ФУЛМ ,,СЕКОЈ ДОБИВА“, а овозможен од нашите пријатели Туристичката агенција ,,Рапсоди травел“ од Скопје.

Наташа беше пресреќна, особено што подарокот го доби неочекувано, на работното место. Таа со години е постојан корисник на финансиските услуги на Штедилница ФУЛМ. Во пријатен и ведар разговор ни раскажа дека секогаш кога има потреба за финансиски средства за опрема на салонот, нејзината прва и единствена мисла е Штедилница ФУЛМ. Особено е задоволна од поддршката што Штедилница ФУЛМ ја даваат за отпочнување, поттикнување и развој на малите бизниси на жените- претприемнички, бидејки и самата има сопствен бизнис.

Во Новогодишната кампања ,,СЕКОЈ ДОБИВА“ израдувавме многумина од Вас. Следете нè и понатаму и очекувајте нови понуди, настани и промоции, а ние продолжуваме и понатаму да работиме, посветени на Вас и Вашите финансиски потреби!

Со почит,
Штедилница ФУЛМ

   
ФУЛМ Штедилница/ FULM Savings House

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 04/12/2017