mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 12:11:58

Биди инспирација! Раскажи ја својата приказна...

Љубица Кузмановска, Битола

Благодарение на Штедилница ФУЛМ ми се оствари една од поодамнешните желби, со тоа што ми овозможија користење на кредит од 500 евра, кој го отплаќам во подолг период со пониска рата која јас како пензионер можам да си ја дозволам од мојата пензија.

Родена сум во работничко семејство со уште еден брат и две сестри, па со оглед на тоа, немав доволно средства да купам убава облека, но имав желба и знаење сама да скројам и сошијам по нешто, за што користев стара рачна машина која ја имавме дома. Меѓутоа, времето течеше по друг колосек и тоа остана во минатото до пред извесно време, кога некаде прочитав дека фирма бара шивачки за изработување на мечиња, перничиња и слично, со нивен материјал. Се заинтересирав и со оглед на тоа дека сум пензионерка и имам слободно време помислив дека би било добро да се пријавам, но единствено ми недостасуваше машина. Овој проблем го решив со помош на Штедилница ФУЛМ, која ми одобри кредит и истовремено ја исполни мојата поодамнешна желба.

Сега имам машина, можам да сошијам многу работи и со мојата мала пензија да се облекувам убаво и истовремено да остварам дополнителна заработка од шиењето на мечиња. Покрај тоа, можев да си дозволам мал одмор, да одам на бањи и најважно од се, да ја посетам мојата сестра во Германија. Ова во никој случај не можев да си го дозволам само со мојата пензија. Во исто време се чувствувам корисна и исполнета.

За сето ова, сакам да искажам голем благодарност до ФУЛМ и вработените во филијала Битола
кои ме насочија правилно да постапам.

Моја препорака – Доверете ги вашите соништа на Штедилница ФУЛМ, најдобар пријател за нивното остварување!

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017