mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 12:11:28

Биди инспирација! Раскажи ја својата приказна...

Со ново TAXI возило до самостојна и пристојна живеачка

Серафим Ристов

Се викам Серафим Ристов, живеам во Струмица. Потекнувам од скромно работничко семејство. Живеам со сопругата, мајка ми и сестра ми.
Повеќе години бев невработен, талкав , барав работа, но некако не ми успеваше. Затоа решив да започнам сопствен бизнис, со што би заработувал за мене и за моето семејство.
Но како невработен, немав доволно средства за да ја остварам мојата замислена цел.
Благодарение на вработените од Штедилница ФУЛМ, филијала Муртино – Струмица, мојата идеа да купам такси возило и конечно да почнам самостојно да заработувам беше во најкус можен рок остварена.
Сега се чувствувам многу покорисно, исполнето, и среќен сум што и јас ќе придонесувам за нормален живот на семејството.
Се уште е  многу рано, но за почеток сум задоволен од мојата работа. Се надевам дека и во иднина ќе биде така.
Им благодарам на вработените од Штедилницата што  излегоа во пресрет на моето барање и овозможија во најкус можен рок да ги имам средствата.
Истовремено , ги охрабрувам сите луѓе кои се заинтересирани да започнат сопствен бизнис, да се обратат на вистинското место: Во Штедилница ФУЛМ филијала Струмица.

Серафим Ристов

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017