mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 12:10:42

Биди инспирација! Раскажи ја својата приказна…

Кој бара - ќе најде,
Кој работи - ќе успее!

Виолета Илиевска, Скопје

Мојата приказна почна одамна, помагајќи му на татко ми кој имаше тезга за земјоделски производи на Зелениот пазар во Скопје. Со години тој нѐ издржуваше, а јас бев постојано покрај него, помагајќи учев од него. Сѐ повеќе ме оставаше сама да продавам, се додека еден ден не се повлече целосно.

Сама се грижев и за производството и за продажбата. Не беше лесно, па моите деца доаѓаа и помагаа колку можеа. По извесен период, се осамостоив и сѐ подобро си ја организирав работата.

Дојде време да го проширам бизнисот. Како официјално невработена, најголемото прашање беше од каде би пронашла средства за инвестирање. Според народната поговорка: Кој бара - ќе најде, јас ја пронајдов Штедилница ФУЛМ и нивните кредити за невработени лица, чија цел е поттикнување на самовработувањето и малите бизниси. Овој кредит беше совршен одговор на моите потреби. Земав кредит, а парите ги наменив за земање под наем на повеќе тезги за продажба на зелените пазари.

Може да кажам дека сум многу задоволна од она што го постигнав- го продолжив и проширив семејниот бизнис на татко ми и обезбедив стабилен приход за моето семејство.

Ви благодарам ФУЛМ, особено благодарност на вработените во Филијалата ЈСП, во Автокоманда, за поддршката што ми ја дадоа.

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017