mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 12:12:13

Биди инспирација! Раскажи ја својата приказна…

Понекогаш во животот се случуваат чуда!

Бранко Јовановски, Скопје

Чуствувајќи се млад и спремен за нови предизвици, наспроти моите полни 77 години, се одлучив да побарам кредит   за да и подарам дијамантски прстен на мојата љубена. Обиколив голем дел од банките во градов. На мое длабоко изненадување и разочарување во сите нив (без исклучок) наидував на еден ист (за мене несфатлив и апсолутно неоснован изговор) одговор: ,,На лица- пензионери, не одобруваме никаков кредит на возраст поголем од 67 години”!? Залудни беа сите објаснувања  дека сум спремен да донесам секаква гаранција во вредност 50 пати поголема од бараниот кредит.

Меѓутоа, понекогаш во животот се случуваат чуда! На мое огромно задоволство, минувајќи сосема случајно, наидов на Штедилницата ФУЛМ во Центар, во која, благодарение на исклучително љубезната вработена –Јасминка Панајотовиќ, добив охрабрувачки информации дека и на моја возраст, можам да бијам кредит, чие обезбедување се регулира со полагање депозит или златен накит.
Немам зборови со кои би ја опишал радоста што се врати во мојата душа! По обавувањето на неопходните формалности, уште истиот ден бараниот кредит беше одобрен и средствата ми беа ставени на располагање.
Мојот сон да ñ подарам дијамантски прстен на мојата љубена – конечно се реализира.

Благодарам на  Штедилница ФУЛМ и нејзиното раководство, на исклучително професионалниот однос и искрена љубезност,  присутна кај сите вработени без исклучок. Посакувам многу, многу успеси на ФУЛМ со длабоко уверување, и надеж дека ќе направи уште многу луѓе да се чуствуваат среќни, како јас!

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017