mk

en

sq

 

Датум: 25/07/2017

Време: 02:45:59

Депозити | Преглед на депозити

 

ТИПОВИ НА ДЕПОЗИТ

КАМАТНА СТАПКА

(годишно во денари)

СТАПКА НА ДОВЕРБА

ВАЛУТНА КЛАУЗУЛА ЕУР

По видување (а виста)

0.1%

/

/

Младински клуб за штедење

1%

/

/

ОРОЧЕНИ ДЕПОЗИТИ

 

 

 

Членски депозит

5%

/

/

Депозит на 1 месец

0,2%

/

0,1%

Депозит на 3 месеци

0,7%

/

0,6%

Депозит на 6 месеци

1,3%

1,8%

0,8%

Празничен депозит на 6 месеци 2010 1,4% 1,6% 0,9%

Младински клуб за штедење на 6 месеци

1%

/

/

Летен – зимски депозит 2008 на 9 месеци

2,1%

2,6%

/

Летен – зимски депозит 6 месеци

1,4%

1,6%

/

Детски клуб за штедење на 6 месеци

1,4%

1,6%

/

Летен клуб за штедење на 7 месеци

1,9%

2,4%

/

Новогодишен депозит 8 месеци

2,0%

2,5%

/

Депозит за златно доба на 9 месеци

2,1%

2,6%

/

Студентски депозит на 12 месеци

2,2%

2,7%

/

Годишен депозит 12 месеци

2,3% 2,8% /

Клуб 10 на ФУЛМ на 16 месеци

2.6%

3,1%

/

Празничен депозит на 14 месеци 2008

2,6%

3,1%

1,9%

Клуб 15 на ФУЛМ на 16 месеци преку трансакциска сметка

2,7%

3,1%

/

Празничен депозит на 18 месеци

3,6%

4,1%

1,9%

Депозит на 12 месеци

2,2%

2,7%

1,8%

Депозит на 24 месеци

3,8%

4,3%

2,2%

Депозит на 36 месеци

4,1%

4,5%

2,3%

Пролетен депозит 36 месеци

4,3%

4,6%

/

Земјоделски депозит на 48 месеци

/

/

2,0%

Депозит на 48 месеци

4,3%

4,7%

2,4%

Депозит 15 на 48 месеци

4,4%

4,7% /
Депозит на 60 месеци

4,5%

4,9%

2,6%

Депозит со доброволно штедење на 6 месеци

1,2%

1,7%

1,0%

Депозит со доброволно штедење на 12 месеци

1,9%

2,4%

1,8%

Согласно Одл. од 28.01.2017


Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје на своите уплатни-исплатни места не прибира девизни депозити. (Објава на 19.05.2015)


Најмал вкупен износ на орочен депониран штеден влог изнесува 2.000 денари, освен за членскиот депозит, депозит по видување, младинскиот клуб, детскиот клуб на штедење и ограничените депозити.
Штедилницата ги осигурува депозитите кај Фондот за осигурување на депозити.
Штедилницата гарантира со капиталот за сигурноста на депозитите.
Пресметката на каматата е по дневна конформна метода на депозитот. За депозити по видување кои на 31.12 имаат салдо на членски депозити или се постоечки корисници на услуги и/или се корисници преку фамилијарните депозити, камата се пресметува на 31.12 за тековната година со последната објавена каматна стапка. Орочените депозити кои ќе се раскинат пред денот на доспевање, на денот на раскинување на орочениот депозит ќе се пресмета и исплати камата на депозит по видување со последната објавена каматна стапка. Кај депозитите со капитализација каматата се пресметува на месечно ниво и се евидентира како доспеана до денот на исплата на каматата, а кај депозитите без капитализација се пресметува месечно и се евидентира како доспеана камата на месечно ниво на денот на доспевање. Валутната клаузула се однесува само за заштита од повеќе од 5% (пет проценти) девалвација.
На депозитите кои на 30.04.2012г. имаат каматна стапка поголема од последната објавена каматна стапка, ќе се изврши усогласување на каматната стапка преку намалување на истата, зголемена со стапка на доверба. Од 01.05.2015г. поради долгогодишната доверба во штедење ќе се пресмета каматна стапка зголемена за 0,2 – 0,5% зависно од периодот на иницијалното вложување, во однос на последната објавена, за депозитниот продукт. Доколку депозитарот на денот на исплатата на депозитот се одлучи исплатата на депозитот да ја реализира преку безготовински промет, Штедилницата врши исплата на бонус камата од 0,1% од исплатениот износ (камата и/или депозит).
Каматната стапка се определува и менува согласно Одлука на Единствениот содружник, освен за депозитите кои се со фиксна каматна стапка, сметано од денот на орочување до истекот на договорениот рок.
Управителот на Штедилницата има право да ја ре-дефинира истата и да ја верификува на следната седница на Единствениот содружник.
Доспеаната камата се намалува за износот на обврската за Персоналниот данок на приходи од камата на депозитите. Персоналниот данок на приходи од камата на депозитите се пресметува и плаќа на денот на исплата на каматата.
Пресметката и плаќањето на Персоналниот данок на приходи од камата на депозитите ќе се применува од денот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

Одлуката стапува во сила од денот на нејзиното усвојување, а ќе се применува од 01.06.2016 година


Давање полномошно на друго лице за располагање со средствата од депозитот

Сопственикот на депозитот може во моментот на отворање на депозитот или дополнително да даде полномошно на друго физичко лице (едно или повеќе) за располагање со средствата од депозитот во периодот на важење на договорот за депозит:

• на шалтерите на Штедилница ФУЛМ

Сопственикот на депозитот може да даде полномошно за:

• неограничено располагање со средствата
• еднократно полномошно
• ограничено располагање со средствата (на одреден износ, или на одреден период, или за располагање само со каматата и слично)

Ополномоштеното лице нема право да бара Штедилница ФУЛМ да ја затвори сметката на која се води членскиот депозит, ниту да го пренесе неговото полномошно на друго лице.
Сопственикот на депозитот може да одреди полномошното да се користи:

• во периодот на важење на договорот за депозит сé до отповикувањето од страна на сопственикот на депозитот.

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 06/07/2017