mk

en

sq

 

: 25/07/2017

: 02:38:41

| | WOCCU


Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) е водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки. Делувајќи според визијата „Квалитетни кредитни унии за секого“, WOCCU го промовира виталниот развој на кредитни унии со цел да им влее самодоверба на луѓето низ целиот свет да напредуваат преку право на висококвалитетни, пристапни финансиски услуги. WOCCU се финансира од владина агенција и фондациски грантови, членарина и годишни подароци од поддржувачите на WOCCU. Светскиот совет на кредитни унии и неговите филијали се со седиште во Медисон, Висконсин, Соединети Американски Држави. Исто така, WOCCU има и постојано седиште во Вашингтон, како и програмски канцеларии насекаде низ светот.

Агенција за развој

Програмите за техничка поддршка на WOCCU зајакнуваат кредитни унии во 15 држави. Меѓународните програми за технички развој на WOCCU им помагаат на кредитните унии и на државните/регионалните асоцијации преку повторна изградба за време и после конфликт, обезбедување пристап на недоволно услужените, развој на интегрирани бизнис мрежи, поддршка на ризичните заедници, реконструкција после катастрофи, како и охрабрување на законодавна реформа и развој на регулаторниот систем.

Трговска асоцијација

Во светски рамки, повеќе од 57.000 кредитни унии во 105 земји им служат над 217 милиони луѓе. Регионалните и државните кредитни унии и асоцијациите за финансиска соработка здружени со Светскиот совет претставуваат 89 земји низ целиот свет.
WOCCU се залага за законодавство и регулатива во владите низ целиот свет кои ќе бидат соодветни на кредитните унии. Исто така, WOCCU ја следи статистиката на кредитните унии, издава списание „Credit Union World”, секој октомври го спонзорира Меѓународниот ден на кредитни унии и е домаќин на годишните регионални технички конференции како и на Конференцијата на светската кредитна унија.
Преку програмата за Меѓународно партнерство на WOCCU, лигите и кредитните униите од Соединетите Држави на своите развојни партнери им обезбедуваат оперативна стручност и совети за потребите од областа на информатичката технологија. За возврат, голем број од развојните партнери ги советуваат кредитните униите од Соединетите Држави за тоа како најдобро да обезбедат услуги на растечката имигрантска популација во Соединетите Држави.

Фондација

Светската фондација на кредитни унии на WOCCU раководи со програмата за поддршка на WOCCU. Придонесите од поддршката на WOCCU го обезбедуваат многу потребното олеснување на кредитните унии и нивните членови после катастрофи, им се обраќаат на приоритетните потреби и поттикнуваат иновација преку меѓународниот кредитен систем на унии.

Продукти и услуги

Меѓународната мрежа на дознаки (IRnet®) е платформа со која кредитните унии на своите членови и потенцијални членови од целиот свет им овозможуваат пристап кон безбедни и достапни меѓународни и домашни трансфери на пари (дознака).
PEARLS Мониторинг системот на Светскиот совет е сет од финансиски размери или индикатори кој помага да се стандардизира терминологијата помеѓу институциите. Тој нуди менаџерски совети на кредитните унии и други штедни институции, и служи како инструмент за супервизија на регулаторите.
WOCCU Сервисната групација (WSG) е филијала целосно поседувана од WOCCU. Групацијата го поддржува Светскиот совет во различни профитабилни напори како на пример услуги со картички и заеднички експозитури.

info@fulm.com.mk

06/07/2017