mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 12:09:17

Тип на кредит

ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТ

превземи апликација

Целна група

• Лица кои се занимаваат со земјоделие





Износ на кредитот

• До 400.000 МКД – денарски кредит

Валута

• МКД: денарски кредит
(Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.)

Рок на отплата

• 24, 36, 48, 60, 72 и 96 месеци (без грејс период за кредит со рок на отплата од 24 месеци)
12 месеци грејс период за кредити со рок на отплата од 36, 48 и 60 месеци)
24 месеци грејс период за кредити со рок на отплата од 72 и 96 месеци)

Каматни стапки

годишни, променливи

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку сите јавни медиуми.
(СВТ)

Потребно обезбедување

• Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)

Начин на плаќање

• Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати)

Симулација на износи на кредит во МКД и услови на враќање

Рок / Висина

50.000

100.000

200.000

300.000

400.000

24 месеци / Рата

2.216

4.432

8.864

13.296

17.728

36 месеци / Рата

1.521

3.042

6.084

9.126

12.168

48 месеци / Рата

1.174

2.348

4.697

7.045

9.394

60 месеци / Рата

966

1.933

3.866

5.800

7.733

72 месеци / Рата

829

1.657

3.314

4.972

6.629

96 месеци / Рата

657

1.314

2.628

3.942

5.257

* Доколку не се изврши навремено плаќање на предвидените рати (во време и износ) вкупниот износ на ратите ќе претрпи промени.

Надомест

• Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот

Минимум критериуми за кредитот

• Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
• 20% земјоделски депозит

Минимум потребна документација при аплицирање за кредит

• Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите
• Про-фактура за набавка и потврда за поднесено барање за упис во единствениот регистер на земјоделски стопанства и пријава на промени
• Целосно пополнети обрасци за кредит

Предност

• Исплата веднаш
• Не се наплаќа надомест за предвремено затворање на кредитот
• Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

 

За дополнителни информации, Ве молиме посетете нé или јавете се во најблиската филијала или шалтер на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје.

 

Согласно Одл. од 17.12.2016

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/08/2017