mk

en

sq

 

Датум: 24/11/2017

Време: 23:32:36

20 години од основањето на ЗГ ФУЛМ

20 години Финансиска поддршка за луѓето на Македонија

 

Според статистичкиот извештај за 2015 година, 60.600 кредитни унии, во 109 земји во светот, опслужуваат 223 милиони луѓе. (www.woccu.org)

„Бев невработен и се прашував како да си го осмислам животот. Се обидов да работам на неколку места, за малку пари и без надеж и перспектива... Моментот кога ми падна на памет дека би можел да правам ѓевреци и да ги продавам, беше мојот среќен момент- пресвртница, иако во тоа време не мислев така... Со ѓеврек по ѓеврек, постојано го зголемував производството, месев сам, рачно. Но, на луѓето им се допаѓаа моите ѓевречиња и секој ден бараа сè повеќе. Рацете ме болеа, не се постигнуваше. Си реков „Што сега?!“ Ќе мора да купам машина за месење тесто, но, скапи се, од каде да најдам пари? „Од Штедилница ФУЛМ“, во доверба ми кажа еден пријател од чаршијата. Во ФУЛМ даваат кредити за невработени - за почнување бизниси.
Така почна мојата успешна приказна, по првата машина, а потоа дојде и втората, па печка... Отворив фирма на мое име, па следуваа вработени... И сето тоа со мојот постојан финансиски пријател- ФУЛМ. За секоја моја потреба – безрезервна поддршка
, ни раскажа Горанчо Петров од Кавадарци.

Луѓето како Горанчо се причината за која постоиме.
Финансиски услуги за луѓето на Македонија, со услужени преку 20.000 луѓе, со повеќе од 30.000 кредитни и штедни партии, со кредитите за невработени, за старт-ап и микро бизниси, за студенти, земјоделци, вработени и пензионери, реализирани преку Штедилница ФУЛМ (www.fulm.com.mk) се доказ за нашата успешна приказна. Во оваа година кога одбележуваме 20 години од основањето на Здружението на граѓани ФУЛМ (www.zgfulm.org.mk), јубилеј којшто скромно го одбележавме на 22 Април 2017 година, во Скопје, со посебен акцент на луѓето кои имаа визија да ги постават темелите на една ваква демократска организација, која има мисија да ги развива принципите на задругарството преку колективна активност на своите членови, со единствена цел за соработка и развој на идејата за штедно-кредитното задругарство во Република Македонија, по примерот на успехот на кооперативите во светот.
 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017