mk

en

sq

 

Датум: 25/07/2017

Време: 02:43:26

Форум на млади

 


Форум на млади на ФУЛМ Македонија
„Од младите за младите

Управителот на Штедилница ФУЛМ, м-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, на Меѓународната конференција на кредитни унии, одржана во  Денвер, САД во 2015 година, создаде победнички проект за инклузија на жените и младите до финансиските услуги. По повод 20-годишниот јубилеј од постоењето на ЗГ ФУЛМ, на 22 април оваа година се формираше првиот Форум на млади кој беше резултат токму на тој победнички проект. Под мотото „Од младите за младите“ преку активностите на форумот ќе се обидеме да внесеме свежина во секојдневјето на младите од Македонија. Форумот на млади на ФУЛМ Македонија пред сè има за цел да ги инспирира и мотивира своите млади, како и останатите, идни членови, за професионален и личен развој на полето на финансиите. Со таа цел ќе се организираат бесплатни работилници и обуки на теми од финансиското менаџирање и инвестирање, како за своите лични финансии така и за корпоративните. Ќе се промовираат младите „start-up“ бизниси, преку „networking“ и активно учество на социјалните мрежи каде што младите се најактивни, а исто така ќе се промовира и можноста за практична настава и вработување, бидејќи токму младите се оние од кои се очекува најмногу да создадат во иднината и да станат лидери во опкружувањето.

Форумот го сочинуваат студенти од различни факултети, постдипломци,  млади кои ги завршиле студиите и започнале сопствен бизнис, млади-вработени во државни или приватни компании од различни сектори и сл. Токму оваа разноличност во структурата на младите членови во форумот ќе придонесе за меѓусебна соработка и помагање во справувањето со сите предизвици кои ги очекуваат младите во иднина.

ФУЛМ Македонија, како основач на овој форум, во соработка со своите локални и меѓународни партнери, преку различни  проекти ќе овозможи поврзување на младите во Македонија со младите членови во кредитните унии низ светот и преку размена на идеи и искуства да придонесат за подобрување на финансиските услуги за млади. Затоа што нам, како штедно-кредитна институција која го вреднува капацитетот на младите луѓе и постојано вложува во нив, ни е исклучително важно да останеме автентични како и до сега, односно да продолжиме да ги поттикнуваме младите да вложуваат во себе бидејќи тоа е најголемиот капитал.
Ве покануваме активно да се вклучите во Форумот на млади на ФУЛМ Македонија за да се дружиме и забавуваме и заедно, преку Вашите предлози и идеи, да допринесеме за реализирање на предвидените цели кои ќе овозможат поквалитетен живот на младите. Повелете во филијалите на Штедилница ФУЛМ низ Македонија или искажете го вашиот интерес на е-маил: info@fulm.com.mk

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 06/07/2017