Штедилница ФУЛМ е основана во 1999 година, согласно принципите на светските кредитни унии и како дел од македонскиот финансиски систем.

Зошто сме различни од другите
Штедилница ФУЛМ по својата суштина е штедно-кредитна унија и како таква е единствена во Република Северна Македонија. Штедилница ФУЛМ е член на Светскиот Совет на кредитни унии (World Council of credit unions WOCCU) а со тоа и дел од светското семејство на кредитни унии кое се протега на 6 континенти, во 104 земји во светот и брои 411 милиони членови (според статистичкиот извештај на WOCCU за 2023година). Кредитните унии се непрофитни финансиски кооперативи, управувани од членовите, чија цел е да обезбедат подобри услуги за своите членови, од другите финансиски организации. Поставувањето на услугата кон членовите во центар на вниманието, заедно со побрзиот, поедноставниот и поквалитетниот пристап до финансиските услуги, резултираше со препознатливост на ФУЛМ како стабилна, отворена и демократска институција, каде луѓето ќе најдат одговор за своите потреби од една страна, а од друга страна Штедилница ФУЛМ се здоби со углед и значајна позиција на македонскиот финансиски пазар.
Визија
Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење
Мисија
Штедилницата Фулм е основана како кооперативна финансиска институција поседувана и управувана од членовите, покривајки ги сите трошоци како и нудејки им на своите членови високо квалитетни услуги кои се поефективни од услугите понудени од другите финансиски институции.
Општествена одговорност
Согласно развојната политика Штедилница ФУЛМ предвиде воведување на концепт на заедничка одговорност и јавен сервис.
Штедилница ФУЛМ стои зад вистинските вредности постојано интегрирајќи се во општествениот и културниот живот.
“Луѓето им помагаат на луѓето” е суштината на постоењето на кредитните унии. Овој вонвременски концепт одекнува, особено кај општествено одговорни организации кои ги ставаат луѓето, пред профитот, како што се кредитните унии, каква што е ФУЛМ Штедилница.
Награди и признанија
Сингапур, Sun Tech City, 16 Јули 2019. Престижната награда за 2018 – World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 јули 2018 година на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур
Ова големо признание за исклучителниот труд и посветеност доаѓа во вистинско време, односно во пресрет на 20-годишнината од постоењето на Штедилница ФУЛМ што уште повеќе ја поттикнува радоста за освоеното I (прво) место меѓу 68.000 кредитни унии на 6 континенти во светот! Второто и третото место припаднаа на кредитните унии Sicredi од Бразил и AIRAC од Доминиканската Република. Дополнителни информации за настанот може да добиете на следниот линк: https://www.woccu.org/letters/?mt=4119&c=17144&cs=db63a
Повеќе од 30.000 граѓани во Македонија се заслужни за оваа награда, кои во изминатите дваесетина години, со нашите кредити и депозити, ги реализираа нивните успешни приказни заради кои се гордеевме секојдневно, истакна м-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ.
Партнерства
Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) е водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки. Делувајќи според визијата „Квалитетни кредитни унии за секого“, WOCCU го промовира виталниот развој на кредитни унии со цел да им влее самодоверба на луѓето низ целиот свет да напредуваат преку право на висококвалитетни, пристапни финансиски услуги. WOCCU се финансира од владина агенција и фондациски грантови, членарина и годишни подароци од поддржувачите на WOCCU. Светскиот совет на кредитни унии и неговите филијали се со седиште во Медисон, Висконсин, Соединети Американски Држави. Исто така, WOCCU има и постојано седиште во Вашингтон, како и програмски канцеларии насекаде низ светот.
Соработки
Мисијата на МФО е да придонесе за создавање општество во кое одржливиот микрофинансиски сектор ќе испорача адекватни финансиски и нефинансиски услуги за намалување на сиромаштијата преку промоција на претприемништво и развојот на микро и малите претпријатија и други лица кои имаат отежнат пристап кон финансиски услуги.
ПОДАТОЦИ ЗА ШТЕДИЛНИЦАТА
Со оваа Политика се пропишуваат извештаите и податоците кои Штедилница ФУЛМ е должна да ги објави, како и фреквенцијата на објавување на извештаите и податоците, начинот на оцена на соодветноста на објавувањето на тие извештаи и податоци и начинот на идентификување на материјалните, сопствените и доверливите податоци
Штедилница ФУЛМ ги објавува следниве извештаи и податоци:
1) Основни податоци за Штедилницата и податоци за сопственичката структура на Штедилницата
2) Најзначајните показатели
3) Податоци за висината на сопствените средства
4) Структура на активата пондерирана според ризиците, прикажана според одделните ризици и износ на капиталот потребен за покривање на соодветниот ризик, утврдени во согласност со регулативата на Народната банка за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот;
5) Податоците и информациите за стапката на задолженост
6) Услови под кои се врши прибирање на депозити;
7) Услови под кои се врши кредитирање на физички лица;
8) Образец ИП за недвижен и движен имот
9) Податоци за Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
10) Писмената изјава за усогласеноста на објавените извештаи и податоци со барањата на Одлуката за објавување на извештаи и податоци.
“ЛУЃЕ ПОМАГААТ НА ЛУЃЕ.”

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ
27 ГОДИНИ

