1. Избегнувајте патување со автобус, воз или авион. По можност патувајте со кола без многу застанувања на бензински пумпи или ресторани. Избегнувајте делење на кола со луѓе коишто не се членови од Вашето семејство
2. Проверете дали менаџментот на местото каде што ќе бидете сместени ги презема потребните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Можете и да кампувате доколку е тоа можно.
3. Обезбедете залихи на средства за дезинфекција, заштита и хигиена. Често мијте ги рацете и одржувајте дистанца од два метра
4. Озбезбедете што е можно поголема залиха на храна и пијалаци пред тргнувањето на пат
5. Проверете дали местото каде што ќе патувате има дополнителни рестрикции поради ситуацијата со Ковид-19
6. Сите информации за туристичкото место добивајте ги по можност преку интернет или преку мобилна апликација за патување со цел да ги намалите физичките контакти со луѓе. Корисна група на Facebook за споделување на информации
7. Обезбедете осигурување за вас и за луѓето со коишто ќе патувате
8. Избегнувајте гужви во трговски центри, ресторани, барови. Повеќе уживајте во природните убавини на туристичкото место.
9. Доколку Ви се приближи некој кој не носи маска, културно замолете го да одржува потребното растојание, а доколку тоа не го направи во тој случај одалечете се вие
10.Одржувајте го вашето здравје. Внесувајте витамини и течности. Спијте доволно и вежбајте редовно!