Како би можеле факултетите да придонесат за студентскиот живот во време на Ковид-19? |
|
Да го одложат наплаќањето на редовните семестри |
Како финансиските институции можат да придонесат за студентскиот живот во време на Ковид-19? |
|
Со практичната работа студентите многу повеќе добиваат. Ќе стекнат искуство во областа која ја избрале за студии, воедно ќе имаат и некаков дополнителен приход кој би им користел. |
Како државните институции можат да придонесат за студентскиот живот во време на Ковид-19? |
|
Државните институции |
Како дел од општеството што би променил во начинот на кој се справува светот со Ковид-19? |
|
Медиумите само го зголемуваат стресот кај луѓето. Нивната работа е известување, голем дел известувањето го вршат повеќе од што е потребно или на многу прогрешен начин. |
Која е твојата инспиративна порака до глобалната заедница во време на Ковид-19? |
|
Вирусот е вирус како и сите други. Порано или покасно сите ќе го ,,прележиме”, секако кај сите со различни последици. Целта е да пронајдиме начини (или веќе пронајдените начини да ги приспособиме на новонастанатата ситуација) како и понатаму да одиме по оној пат кој сме го избрале. Истовремено, најважно е да се грижиме за себе си и за нашето ментално здравје, без разлика дали таа грижа би претставувала седење во тишина барем еден саат дневно, пишување на дневник, читање, боење, готвење.. се што би не смирило и би ни помогнало барем на момент да се опуштиме. Животот е таков, полн со предизвици, наше е како ќе реагираме на него. И некогаш е доволно ,,само да преживееш”. |