Штедилница ФУЛМ е кредитна унија со нешто повеќе од 6 милиони долари актива која опслужува повеќе до 12 000 членови преку мрежата од повеќе филијали низ Република Северна Македонија. Но, овие релативно мали бројки не ги користиме како изговор кога станува збор за дигитализацијата. Дигитализацијата ја гледаме како клучен елемент за успешна иднина – исто како што би ја гледала и секоја голема кредитна унија во светот.
Нашето патување кон дигитализацијата започна во 2003 година, кога ја пуштивме во употреба нашата прва веб страница, која тогаш беше една од првите веб страници на финансиски институции со повеќе јазични верзии на јазиците кои ги зборуваат нашите членови. Целта беше да ги запознаеме нашите членови со нешто ново што во иднина ќе биде нормално.
Во 2010 година, ја применивме нашата прва стратегија за Информациски и комуникациски технологии (ИКТ) и стратегија за социјални медиуми. Во тоа време се прашувавме каде да побараме поддршка за стратегијата? Секако одговорот беше “кај Управниот одбор”. Следно што направивме, ги запознавме членовите на Управниот одбор со ИКТ предностите. Потоа го “присиливме” нашиот Управител да запише докторски студии за ИКТ. Па ако “шефот” може, тогаш можат и сите останати. Спроведовме многу тренинзи за вработените, волонтерите и членовите за тоа како да ги користат предностите од технологијата не само за потребите на ФУЛМ туку и за потребите во нивните животи.
Следната фаза беше да се претставиме на социјалните медиуми Facebook, Youtube, LinkedIn, Instagram. Нашата цел не беше само да ги претставиме нашите производи, туку и нашите верувања преку филозофијата “Луѓе кои помагаат на луѓе”, како и многуте успешни приказни во изминатите 6 години на социјалните мрежи
Во 2016 година направивме редизајн на нашата веб страница, додека во 2018 година го интегриравме онлајн чатот за полесен пристап до информации за нашите производи
Сето ова беше вовед во 2019 година, која беше една од најпродуктивните години на полето на дигитализацијата на процесите. Најпрво ја пуштивме во функција онлајн формата за аплицирање за кредит преку нашата веб страница. Сега постои можност да се поднесе комплетна апликација за кредит без потреба да се посетуваат нашите филијали. Во истата година им овозможивме на нашите членови пристап до електронско банкарство преку нашата веб страница и мобилната апикација mFULM.
Членовите на ФУЛМ кои го користат електронското банкартво имаат можност за:
- проверка на состојбата на депозитите и кредитите
- плаќање на обврските за кредитите онлајн (интерни трансакции)
- да аплицираат за кредит онлајн
- да се информираат за нашите најнови производи и услуги
Со цел да го намалиме контактот меѓу вработените и членовите овозможивме членовите електронски да поднесат барање за користење на Електронското банкарство на ФУЛМ без да ги посетуваат филијалите.
Интерна дигитализација
Кога станува збор за интерните процеси Штедилница ФУЛМ од 2016 година почна да го развива дигитализирањето за оптимизација на интерните процеси преку кастимизираниот софтвер ASPEKT, кој нуди поддршка на процесите поврзани со целокупниот животен век на кредитите и депозитите, како и одредени видови на извештаи.
Исто така, при воведувањето на можноста за онлајн аплицирање за кредит, креиравме кастамизиран бек енд софтвер преку кој кредитните референти ги менаџираат и обработуваат апликациите кои пристигнуваат онлајн.
Исто така еден од интерните процеси кој е дигитализиран е и следењето на времето на вработените
COVID-19: “Можност или предизвик”?
Предизвик кој е успешно претворен во можност
Поради мерките поврзани со спречување на ширење на корона вирусот, ЗГ ФУЛМ после 23 години, во 2020 година за прв пат го одржа Редовното Собрание со допишување по електронски пат. Сите материјали, предлози, коментари и прашања беа праќани електронски и благодарејќи на нашите членови успешно го одржавме нашето прво електронско собрание.
Откако започна коронавирус кризата највисок приоритет на Штедилница ФУЛМ е зачувување на здравјето на вработените, волонтерите, членовите и нивните семејства. Во новонастанатите вонредни услови максимално ги ставивме на располагање нашите постоечки дигитални канали за користење од страна на нашите членови и планираме нови за во блиска иднина
Можноста луѓето да дознаат повеќе информации за нашите производи преку дигиталните канали станува исклучително важна во време на Ковид-19 криза. Нашите кредитни референти одговараат на сите прашања и пораки на социјалните медиуми и онлајн чатот со што се намалува потребата луѓето да доаѓаат во филијалите за да се информираат за нашите производи.
Патот кон дигитализацијата го трчаме со засилено темпо не само затоа што постои зголемен интерес кај луѓето за користење на дигиталните технологии поради коронавирус состојбата, туку пред се затоа што сметаме дека преку дигитализацијата ќе ги направиме нашите продукти подобри и попристапни за секого.
Визија за иднината
Наша следна цел е да се подготви нова стратегија за дигитализација за 2021-2026 година, во која ќе бидат идентификувани голем број можности за подобрување на постојните и примена на нови дигитални процеси како што се:
- Интегрирање на бизнис планирањето и дигиталната стратегија
- канали на дигитална дистрибуција и СЕО оптимизација
- воведување на нови дигитални канали
- дигитални потписи
- дигитален идентитет
- управување со односи на клиенти (CRM)
- електронски паричник и систем на интерно плаќање
Нашата визија “Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење” целосно се рефлектира и согласува со процесот на дигитализација. Дигитализацијата е вистинскиот пат за една финансиска институција со големина како ФУЛМ. Без разлика на големината на организацијата во моментот, сметаме дека најважна е визијата за подобра иднина!
Затоа што Важна е визијата, не активата