6-ти Форум на жени-лидери на ФУЛМ

marija Настани и Промоции

Image

,,Честитки за успешниот Форум   Со вас и webex верзијата на Форумот е пријатен,  убав и корисен настан  

Секако, поубаво е со Вас ,,во живо”, но здравје, пак ќе ги имаме и средбите ,,во живо

Во секој случај, сè е навистина професионално и ТОП! БРАВО –Ј.П.

Предизвикот на новото време за електронска комуникација беше главна тема и мотив на

Шестиот форум на жени-лидери на ФУЛМ Македонија

што се одржа на 30 март 2021 година, во 18.00 часот, преку платформата Cisco Webex, насловен како

Современото комуницирање /New age of communication

На настанот се приклучија жените-лидери на ФУЛМ, но и оние коишто сакаа да дознаат нешто повеќе за ФУЛМ и за Форумот на жени на ФУЛМ.

Почнувајќи од

  • краткиот говор за добредојде на претседателот на ЗГ ФУЛМ, г. Стево Андровиќ;
  • информации за Глобалната мрежа на жени-лидери и статусот на Форумот на жени на ФУЛМ- презентирани од управителката на Штедилница ФУЛМ, Елеонора Згоњанин Петровиќ;
  • видеообраќање на програмскиот директор на Глобалната мрежа на жени лидери, Елени Ѓакомопулос;
  • презентација на раководителот Марија Цветковиќ за работата на Форумот на жени-лидери на ФУЛМ од своето основање до денес и поддршката што истиот ја прави за поддршка на женските микробизниси;
  • презентацијата на Ангела Тодосиоска за најдобрите практики во современото онлајн комуницирање на мрежните интернет настани

ги пренесовме позитивните енергија и дух на Форумот на жени-лидери на ФУЛМ, споделивме нови информации и ја пренесовме пораката дека #Заедно можеме повеќе.

Форумот на жени-лидери на ФУЛМ има за цел да ги инспирира и поттикне жените од Македонија да направат значајни разлики во нивниот живот, во животот на членовите на нивната кредитна унија и нивната заедница, да добијат можност за професионален и личен развој, да ги поврзе со жените од кредитните унии ширум светот преку Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org) во рамките на Светскиот совет на кредитни унии WOCCU (www.woccu.org) Светскиот совет на кредитни унии служи како центар за мрежата, поврзувајќи ги жените од кредитните унии од целиот свет. Од своето основање во 2009 година, се основани 127 женски ограноци на Глобалната мрежа на жени-лидери, во 28 земји во светот.

Форумот на жени-лидери на ФУЛМ Македонија, со својата работа почна во 2016 година, а е основан и организиран од Здружението на граѓани ФУЛМ (www.zgfulm.org.mk) и поддржан од Светскиот совет на кредитни унии (www.woccu.org) и Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org), Јавниот сервис на кредитните унии PSCU (www.pscu.com) и Mitchell Stankovic & Associates (www.mitchellstankovic.com)

Форумот на жени- лидери на ФУЛМ Македонија, почна со својата работа во 2016 година, и е основан и организиран од Здружението на граѓани ФУЛМ (www.zgfulm.org.mk) и поддржан од Светскиот совет на кредитни унии (www.woccu.org) и Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org), Јавниот сервис на кредитните унии PSCU (www.pscu.com) и Mitchell Stankovic & Associates (www.mitchellstankovic.com)