Измит Ибраими, Тетово
Јас сум еден од 17-те илјади задоволни членови на Штедилница ФУЛМ веќе 12 години .
Како корисник на мала инвалидска пензија, со години едвај врзував крај со крај. Моите приходи не беа доволни за подмирување на животните потреби и основни трошоци за мене и и моето семејство .
Морав да најдам решение за дополнителен извор на средства. Дојдов до идеа дека би можел да отворам тезга на зелениот пазар во Тетово и така да го надополнам макар малку мојот скромен буџет.
Тогаш дознав за Штедилница ФУЛМ и можноста кај нив да добијам кредит. Вработените во Филијалата Полог, во Тетово, ми помогнаа да подигнам кредит и со тоа успеав да отворам своја тезга на пазарот во Тетово. Среќен сум што се осмелив, што го направив овој чекор, но секако, немаше да успеам без помошта на Штедилница ФУЛМ. Сега, остварувам приходи за пристоен живот на моето семејство .
Во сите овие изминати години, од 2005 година па до ден-денес, постојано ги користам финансиските услуги на ФУЛМ и премногу сум задоволен од соработката со нив и особено нивната добронамерност и подготвеност да помогнат.
Благодарен сум и на можноста да бидам дел од настаните што ги организираат и можам да кажам дека вработените во ФУЛМ се моето второ семејство.
Бидете и Вие успешни со ФУЛМ , секогаш имаат решение за нашите потреби !
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање