Приказна за Ѓевречињата…
Горанчо Петров, Кавадарци
,,Бев невработен и се прашував како да си го осмислам животот. Се обидов да работам на неколку места, за малку пари и без надеж и перспектива… Моментот кога ми падна на памет дека би можел да правам гевреци и да ги продавам, беше мојот среќен момент- пресвртница, иако во тоа време не мислев така… Еден по еден геврек, постојано го зголемував производството, месев сам, рачно. Но, на луѓето им се допаѓаа моите гевречиња и секој ден бараа се повеќе. Рацете ме болеа, не се постигнуваше..Сега?! Ке морам да купам машина за месење тесто..Но, скапи се, од каде да најдам пари? ,,Од ФУЛМ Штедилница”- во доверба ми кажа еден пријател од чаршијата. Во ФУЛМ даваат кредити за невработени- за почнување сопствени бизниси.
И,..така почна мојата успешна приказна, по првата машина, втора, па печка.. Отворив фирма на мое име, па следеа вработени… За секоја моја потреба секогаш ја добивав нивната безрезервна поддршка. Благодарам на мојот постојан пријател – Штедилница ФУЛМ, за финансиската поддршка во сите изминати години. Заедно – успеавме!
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање