Ванчо Чавдаров (земјоделец), Струмица
Струмичкиот регион е познат по поволната клима и услови за производство на многу видови на земјоделски култури. Бидејќи потекнувам од земјоделска фамилија од село, уште како млад ме интересираше оваа област и решив да се запишам на земјоделските струки при што и дипломирав на земјоделскиот факултет во Скопје. Бев вработен согласно струката во ЗИК Струмица опшествена фирма и со транзицијата останав без работа во деведесетите години. После тоа почнав да работам во една земјоделска аптека но таа работа не ме исполнуваше.
Бидејќи имав наследено земја од моите родители решив да се занимавам со земјоделие (градинарство) но со оглед на тоа што градинарските култури во последно време немаат сигурен пласман и цените варираат, решив да засадам сортни цреши на околу 2000 метри квадратни и бидејки имам доста практично познавање од оваа област, планирам во иднина да се проширам со нов асортиман од вишни и од Јаболка на околу 8.000 метри квадратни . Бидејки имав потреба од финансиски средства, а за Штедилница ФУЛМ, филијала Муртино знаев од поодамна од споделените искуства помеѓу самите земјоделци кои користеле кредити од ФУЛМ, кои биле задоволни од поволните услови и коректните односи на вработените во штедилницата, се решив да се обратам до нив, дали може и јас да подигнам земјоделски кредит за реализирање на насадот од цреши кој веќе ми беше испланиран. Се обратив во ФУЛМ и ми одобрија кредит под доста поволни услови .
По се изгледа парите што ги подигнав од ФУЛМ ми беа дадени со алал па дрвцата што ги посадив со цреши пораснаа невообичаено големи, за кои беа потребни дополнителни цементирани столбови да се направи шпалир за да може полесно да се обработуваат и берат. За оваа дополнителна инвестиција ми беа повторно потребни финансиски средства и за десет месеци побарав рефинансирање на постоечкиот кредит со поголем износ за да обезбедам дополнителни средства . Кога се обратив во ФУЛМ, наидов на навистина позитивна реакција и поддршка за мојот успех, и со задоволство го рефинансирааа мојот кредит, како заслуга на моите редовни уплати и паметно искористените средства.
Сега мојот вложен труд полека гледам дека се исплати, и ако евентуално имам потреба од финансиски средства знам каде да се обратам.
Затоа, на сите земјоделци кои сакаат да инвестираат во земјоделие, а им недостасуваат финансиски средства, слободно нека се обратат во Штедилница ФУЛМ каде со сигурност ќе бидете сослушани И советувани со цел да ја добиете најдобрата услуга за Вас која директно ќе помогне во Вашата инвестиција, бидејки паметно е и се исплати да се соработува со ФУЛМ.
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање