Димитри Китанов, Скопје
Израснав две деца. Ги школував. Направив две свадби. Станав дедо на четири внуки. На стари години што се вели, ми текна да направам мала куќичка за мене и жена ми, за да ги оставиме младите „на раат“ сами. Имав заштедено пари на страна, и на почетокот сите трошоци за изградбата можеа да се покријат.
Арно ама, како почнавме со работа, на сопругата ѝ текна дека надворешниот изглед на куќата сакала да биде помодерен. Секако, таа нејзина желба не беше вкалкулирана во математиките. „Што сега?“ се запрашав. После толку многу години работа, зар не сме заслужиле да си дозволиме малку повеќе од тоа што ни се можностите. Си реков: ,,Одам да земам некој кредит, мора фасада да се прави”.
Се мислев каде би завршил побрзо работа, а да нема комплицирана процедура. Бидејќи мојот статус на воен инвалид, пензионер, ги бунеше поголемиот дел од финансиските институции и не знаеа во која катеторија да ме стават за да ми одобрат кредит, почнав да губам надеж за фасадата и желбата на сопругата. И тогаш, како мала точка светлина во мракот, внуката ми кажа дека во Штедилница ФУЛМ е спасот. Не поминаа ни три дена по поднесувањето на документите, заѕвоне телефонот: „Г-дине Димитри, вашиот кредит е одобрен. Повелете во филијалата да се исплатиме!“
Како цела планина да симнав од плеќи. Не ми беше толку за фасадата, колку што ѝ ја исполнив желбата на сопругата. Таа беше во право. Среќа што ја послушав. Кредитот ќе го вратиме еден ден, но спомените во убаво средената куќичка, со секое испиено кафе покрај растрчаните внуци, се непроценливи. На долгот ќе заборавиме, ама ваквите моменти нема. Благодарение на ФУЛМ, и жената е среќна а богами и фасадава испадна супер.
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање