-
Oбуки за земјоделци во
Ресен, Валандово, Струмица, Гевгелија, Неготино…Февруари, 2018
БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!
Како полесно до финансиски средства за земјоделците, како да се управувааат личните и организациските парични средства, како се одредува цената на чинење на производите, принципи на одговорно позајмување и штедење, беа темите на бесплатните обуки за земјоделците, кои се одржаа во месец Февруари 2018, во повеќе градови низ Република Северна Македонија: Ресен, Валандово, Струмица, Гевгелија, Неготино…
Штедилница ФУЛМ е под-имплементатор на проектот: „Инклузија и иновација во микрофонансирањето” финансиран од УСАИД, спроведуван од Сојузот на микрофинансиски организации како главен спроведувач на проектот и МРФП, Штедилница Можности, Микрокредитна фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ како под-спроведувачи на проектот.
-
Oбука за земјоделци Кавадарци и Св.Николе-Февруари, 2017
БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!
Овојпат се обучуваа заинтересираните земјоделци во Кавадарци и во канцелариите на Федерација на фармери во с.Мустафино,С.Николе.
“Обуката за финансиско знаење” е дел од проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, имплементирана од Сојузот на микрофинансиски организации, со Штедилница ФУЛМ како подимплементатор, проект поддржан од УСАИД Македонија.
-
Обука за финансиско знаење за студентите
Скопје, 27 Септември,2016 година
ОБУКА НА СТУДЕНТИТЕ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ
Нови сознанија, проверка на постоечките знаења и добро дружење! На обуката присуствуваа студенти од различни факултети од Р.М. Штедилница ФУЛМ е подимплементатор на “Обуката за финансиско знаење” како дел од проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, поддржано од УСАИД, спроведуван од Сојуз на микрофинансиски организации како главен имплементатор.
-
Презентација на земјоделските кредити
Кавадарци-30 Март,2017 година
РАБОТИЛНИЦА ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ
Штедилница ФУЛМ ги презентираше своите земјоделски кредити за земјоделци и невработени кои сакаат да започнат да се занимаваат со земјоделие на обуката за финансиско знаење, овојпат во Кавадарци. Проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, имплементирана од Сојузот на микрофинансиски организации, со Штедилница ФУЛМ како подимплементатор, проект поддржан од УСАИД Македонија, продолжува и понатаму на нови локации.
-
Презентација на земјоделски кредити
во Гостивар-05 Април, 2017 година
ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!
Предизвиците на земјоделците, од моментот на подигање на кредитот, па до нивна конечна отплата во фокусот на интерес на земјоделците присутни на презентацијата на Штедилница ФУЛМ на земјоделските кредити, на обуката за финансиско знаење, одржана во Гостивар, во рамките на проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”.
-
Презентација на земјоделски кредити
Велес,13 Март, 2017 година
ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!
Предизвиците на земјоделците, од моментот на подигање на кредитот, па до нивна конечна отплата во фокусот на интерес на земјоделците присутни на презентацијата на Штедилница ФУЛМ на земјоделските кредити, на обуката за финансиско знаење, одржана во Гостивар, во рамките на проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”.