Извештаи
Податоци за штедилницата
Финансиски извештаи
Извештаи
Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје | |||||||||
Табела бр.1 | Образец ИП | ||||||||
Извештај | |||||||||
За недвижниот имот наменет за продажба | |||||||||
со состојба на 31.10.2024 година | |||||||||
Реден број | Опис на недвижниот имот | Адреса | Број на имотниот лист или листот за предбележување | Квадратура на недвижниот имот | Владение | Заложно право или други товари на имотот | Носител на правото на сопственост и други стварни права | Цена | Лице за контакт |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје | |||||||
Табела бр.2 | Образец ИП | ||||||
Извештај | |||||||
За движниот имот наменет за продажба | |||||||
со состојба на 31.10.2024 година | |||||||
Реден број | Опис на движниот имот | Адреса | Опфат на движниот имот што се продава | Старост | Заложно право или други товари на движниот имот | Цена | Лице за контакт |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
1 | Златен накит со скапоцени камења | ул.Св Кирил и Методиј бр 48, Скопје | Се продава како целина | Постар од 5 години | Нема | 46.125 | Дарко Димов |
2 | Златен накит со скапоцени камења | ул.Св Кирил и Методиј бр 48, Скопје | Се продава како целина | Постар од 5 години | Нема | 18.450 | Дарко Димов |
3 | Златен накит со скапоцени камења | ул.Св Кирил и Методиј бр 48, Скопје | Се продава како целина | Постар од 5 години | Нема | 34.440 | Дарко Димов |
4 | Златен накит со скапоцени камења | ул.Св Кирил и Методиј бр 48, Скопје | Се продава како целина | Постар од 5 години | Нема | 18.450 | Дарко Димов |
5 | Златен накит со скапоцени камења | ул.Св Кирил и Методиј бр 48, Скопје | Се продава како целина | Постар од 5 години | Нема | 22.755 | Дарко Димов |
Обелоденување на податоци
ПОЛИТИКА ЗА ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ
Со оваа политика се пропишуваат извештаите и податоците кои Штедилница ФУЛМ (во понатамошен текст Штедилницата) е должна да ги објави, како и начинот, формата и роковите на нивното објавување.
Податоците кои Штедилницата е должна да ги објави, согласно со оваа Политика треба да бидат точни и навремени и да можат да претставуваат основа за донесување соодветни економски одлуки од страна на корисниците (јавноста).
ВИДОТ НА ПОДАТОЦИ КОИ ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ ГИ ОБЈАВУВА
Податоци кои Штедилница ФУЛМ ги објавува се:
(1) Податоци за своето работење
(2) Податоци за сопственичката структура на Штедилницата
(3) Податоци за висината на сопствените средства и за адекватноста на капиталот;
(4) Податоци за системите и процесот на управување со ризиците;
(5) Податоци за Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ);
(6) Копија од решението на Гувернерот на НБРМ дозволата за основање и работење на Штедилницата
(7) Одлука за услови под кои се врши прибирање на депозити;
(8) Одлука за услови под кои се врши кредитирање на физички лица;
(9) Тарифа на Штедилницата
НАЧИН И ФОРМА НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Штедилницата е должна да ги објавува податоците од точките 1, 2, 3, 4, 5, 6 од оваа Политика на македонски јазик на нејзината интернет страница. Покрај податоците објавени на интернет страницата податоците под точка 5, 6, 7, 8, 9 треба да бидат објавени на огласната табла кај секоја од филијалите и на шалтерските места. Штедилницата е должна на интернет страната да го прикаже и датумот на објавување на податоците. Во случај на коригирање на објавените податоци од страна на Штедилницата, таа е должна да го објави и датумот на извршените корекции.
Штедилницата е должна да ги објавува податоците од пропишани со оваа Политика, на македонски јазик во извештајна форма.
ФРЕКВЕНЦИЈА И РОКОВИ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Штедилницата е должна да ги објавува податоците за своето работење, податоците за висината на сопствените средства и за адекватноста на капиталот најмалку на полугодишна основа, додека податоците за системите и процесот на управување со ризиците е должна да ги објавува најмалку еднаш годишно. Податоци за Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ), Одлуката за услови под кои се врши прибирање на депозити, Одлуката за услови под кои се врши кредитирање на физички лица и Тарифа на Штедилница ФУЛМ треба да се објавуваат секогаш кога има нивна промена или корекција.
Податоците кои се однесуваат на состојба на крајот на годината (31.12.) треба да бидат објавени на интернет-страницата на Штедилницата, најдоцна до 15.05. во тековната година за претходната календарска година. Податоците кои се однесуваат на состојбата на крајот на полугодието (30.06.) треба да бидат објавени на интернет-страницата на Штедилницата, најдоцна до 31.07 во тековната година. Податоци за Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ), Одлуката за услови под кои се врши прибирање на депозити, Одлуката за услови под кои се врши кредитирање на физички лица и Тарифата на Штедилница ФУЛМ треба да се објавуваат најдоцна 3 дена по усвојувањето на нивната промена или корекција.