Политика за прифатливо ниво на ризик
Политика за прифатливо ниво на ризик
- Политиката за прифатливо ниво на ризик е формален документ (англ. риск аппетите статемент) за прифатливо ниво на ризик, во кој се наведува збирното ниво на ризик и видовите ризици кои штедилницата е подготвена да ги преземе или да ги избегне за да ги постигне своите долгорочни цели.
- Политиката за прифатливо ниво на ризик вклучува најмалку:
- Квалитативни и/или квантитативни показатели/индикатори за изложеност на ризици и нивните прагови;
- Интерни лимити за ограничување на изложеноста на ризици;
- Претпоставки коишто штедилницата ги зема предвид при утврдување на прифатливо ниво на ризик;
- Начин на комуникација на утврденото прифатливо ниво на ризик со лицата вклучени во преземањето и управувањето со ризици.