Партнерства
Поддршката од нашите парнери и соработници е важна за нашиот постигнат успех!
WOCCU
Woccu-
Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) е водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки. Делувајќи според визијата „Квалитетни кредитни унии за секого“, WOCCU го промовира виталниот развој на кредитни унии со цел да им влее самодоверба на луѓето низ целиот свет да напредуваат преку право на висококвалитетни, пристапни финансиски услуги. WOCCU се финансира од владина агенција и фондациски грантови, членарина и годишни подароци од поддржувачите на WOCCU. Светскиот совет на кредитни унии и неговите филијали се со седиште во Медисон, Висконсин, Соединети Американски Држави. Исто така, WOCCU има и постојано седиште во Вашингтон, како и програмски канцеларии насекаде низ светот.
Програмите за техничка поддршка на WOCCU зајакнуваат кредитни унии во 15 држави. Меѓународните програми за технички развој на WOCCU им помагаат на кредитните унии и на државните/регионалните асоцијации преку повторна изградба за време и после конфликт, обезбедување пристап на недоволно услужените, развој на интегрирани бизнис мрежи, поддршка на ризичните заедници, реконструкција после катастрофи, како и охрабрување на законодавна реформа и развој на регулаторниот систем.
Трговска асоцијација
Во светски рамки, повеќе од 87.914 кредитни унии во 118 земји им служат над 394 милиони луѓе.
WOCCU се залага за законодавство и регулатива во владите низ целиот свет кои ќе бидат соодветни на кредитните унии. Исто така, WOCCU ја следи статистиката на кредитните унии, издава списание „Credit Union World”, секој октомври го спонзорира Меѓународниот ден на кредитни унии и е домаќин на годишните регионални технички конференции како и на Конференцијата на светската кредитна унија.
Преку програмата за Меѓународно партнерство на WOCCU, лигите и кредитните униите од Соединетите Држави на своите развојни партнери им обезбедуваат оперативна стручност и совети за потребите од областа на информатичката технологија. За возврат, голем број од развојните партнери ги советуваат кредитните униите од Соединетите Држави за тоа како најдобро да обезбедат услуги на растечката имигрантска популација во Соединетите Држави.
Светската фондација на кредитни унии на WOCCU раководи со програмата за поддршка на WOCCU. Придонесите од поддршката на WOCCU го обезбедуваат многу потребното олеснување на кредитните унии и нивните членови после катастрофи, им се обраќаат на приоритетните потреби и поттикнуваат иновација преку меѓународниот кредитен систем на унии.
Меѓународната мрежа на дознаки (IRnet®) е платформа со која кредитните унии на своите членови и потенцијални членови од целиот свет им овозможуваат пристап кон безбедни и достапни меѓународни и домашни трансфери на пари (дознака).
PEARLS Мониторинг системот на Светскиот совет е сет од финансиски размери или индикатори кој помага да се стандардизира терминологијата помеѓу институциите. Тој нуди менаџерски совети на кредитните унии и други штедни институции, и служи како инструмент за супервизија на регулаторите.
WOCCU Сервисната групација (WSG) е филијала целосно поседувана од WOCCU. Групацијата го поддржува Светскиот совет во различни профитабилни напори како на пример услуги со картички и заеднички експозитури.
USAID
Целта на проектот на УСАИД за рурални финансиски институции е да основа корисничо-сопственички штедно-кредитни институции кои ги прибираат домашните заштеди за реинвестирање во продуктивни кредити за руралните заедници. Светскиот Совет за Кредитни Унии започна со работа во Септември 1995 година и ја создаде Штедилница ФУЛМ. Проектот основа континуирана врска помеѓу Лигата на Кредитните Унии на Мичиген и Штедилница ФУЛМ во Македонија.
Штедилница ФУЛМ беше многу успешна во создавањето база на членство која ги покажува карактеристиките на македонската популација. Во Септември 2005 година, Штедилница ФУЛМ имаше 5,060 членови лоцирани во сите 14 региони на Македонија. Шест филијали се основани во 5 региони на Македонија. Сметката на женските членови изнесува околу 37% од вкупното членство.
Значаен дел од успешноста и продолжувањето на растот на членството на Штедилница ФУЛМ се должи на воведување новини, големи и професионални маркетинг активности. Поради стигмата околу штедилниците, Проектот избра да врши маркетинг под слоганот, ”Различни од другите штедилници” и оваа стратегија е екстремно успешна. Како одговор на предлозите на членовите и нивната потреба,, се воведоа голем број на кредитни и депозитни продукти.
Во Септември 2005 година, Штедилница ФУЛМ има добро-основано и добро-документирано сметководство, извештаи и внатрешен ревизорски систем. Посветениот интерен ревизорски кадар ја набљудува работата на секоја филијала и Централата во согласност со регуларниот програм за набљудување. Финансиското работење на Штедилница ФУЛМ во целост, и во секоја филијала се набљудува месечно преку детален менаџмент и финансиско сметководствени извештаи. Менаџментот и вработените на Штедилница ФУЛМ исто така се обучуваат за користење систем на интернационално признати клучни индикатори развиени специфично за кредитните унии и други штедни институции од ВОКУ, познати под акронимот, ПЕАРЛС.
На 30 Септември 2005 год. консолидираните финансиски извештаи на Штедилница ФУЛМ покажува нето средства од над 3 милиони американски долари. Кредитното портфолио се вреднува на 2,860,000 американски долари, заштедите на членовите во износ од 1,809,000 американски долари и членскиот влог е еднаков на 166,246 американски долари. Штедилница ФУЛМ има постојана добивка од Март 2001 година.
Светскиот Совет на Кредитни унии, како дел од програмата “Луѓе за Луѓе” започна партнерство помеѓу Лигата на Кредитни Унии на Мичиген и Штедилница ФУЛМ. Партнерството ќе спроведува континуирана помош за Штедилница ФУЛМ преку Лигата на Кредитни Унии на Мичиген во областите за техничка помош, менторство на штедно-кредитната унија, образование и обука.
MCUL
Во текот на 2003, Штедилница ФУЛМ воспостави Партнерски програм со Лигата на кредитни унии на Мичиген , САД . Целта на овој партнерски програм е реализација на обука на вработените , маркетинг активности , подршка на активностите за модернизација на законската регулатива за други финансиски институции.
Macedonian CEO thanks Michigan supporters
NORTHVILLE TOWNSHIP, Mich. (6/15/04)–Macedonian FULM Savings House CEO Eli Zgonjanin-Petrovik expressed gratitude for Michigan credit unions’ ongoing support of Macedonia’s fledgling credit union movement during the Michigan CU League’s (MCUL) 2004 Annual Convention and Exposition.
“Macedonia is a small country, but we have many friends around the world, and that makes us bigger. You here are proof of that,” Zgonjanin-Petrovik told hundreds of credit union officials at the event in Detroit.
She noted the efforts of Drew Egan, MCUL executive vice president and chief operating officer, who traveled to Macedonia several times the past two years to offer advice, staff training and resources. She also thanked Hank Hubbard, CEO of Communicating Arts CU, Detroit, for his advice.
As a result of their assistance and that of the Michigan credit union movement, the Macedonia movement gained an audience with government officials to press for credit union legislation.
MCUL President/CEO David Adams presented special plaques to Egan and Hubbard for their work overseas and described the “truly impressive” efforts of Macedonia’s credit unions. He promised Michigan credit unions “will remain committed to this project and to our friends and colleagues in Macedonia.”
FULM celebrates its five-year anniversary this month with a milestone $1 million in assets. It operates six branches throughout the country.
From left, Macedonian FULM Savings House CEO Eli Zgonjanin-Petrovik and Michigan CU League President/CEO David Adams. (Photos provided by the Michigan CU League)
The Michigan league has worked in partnership with the World Council of CUs Inc. and FULM Savings House since 2002 to establish the legislative and regulatory foundation needed to expand access to credit union services.
Egan will return to Macedonia Saturday to continue lobbying for passage of federal credit union legislation. He also will provide continued assistance with public relations and marketing, education and training, and technological support.
Партнерството ќе работи кон постигнување на следниве цели од заедничка корист:
• Континуирана понатамошна размена на мисли, идеи и ентузијазам во форма на комуникации и посети;
• Определба кон принципите за безбедност и сигурност на кредитната унија во корист на членството;
• Развој на најдобри практики за трговски здруженија во опслужувањето на кредитните унии членки;
• Изработка на годишни стратешки планови за доброто на партнерството;
• Промоција на заедничките принципи на кредитните унии пред нивното членство, јавноста, медиумите, државните институции и претставници.
Потикнување на застапувањето на кредитните унии пред избраните претставници во Мичиген и Македонија.
SKOK
SKOК-
Соработка меѓу кредитните унии на Македонија и Полска
На основа на постоечката соработка за развој на кооперативното движење и желбата за понатамошно зацврстување на соработката, на 04 Април 2008 година и официјално беше потпишан Договорот за соработка меѓу Здружението на Граѓани ФУЛМ од Македонија и Националната Асоцијација на Кредитни Унии од Полска. Целта на договорот е сестрана соработка меѓу ФУЛМ и Асоцијацијата од Полска во нова фаза на заеднички активности кои се состојат во размена на знаење, реализација на заеднички проекти кои се однесуваат на пренесување на професионално, техничко и компјутерско знаење и проекти кои ќе бидат поддржувани од други меѓународни и владини организации. Покрај веќе воспоставените партнерски односи со Лигата на Кредитни Унии од Мичиген, САД и програмата “Луѓе им помагаат на луѓе”, oваа соработка на ФУЛМ претставува уште една потврда за успешноста на движењето на штедно кредитните унии во светот.
EaSI
European
Во 2020 година Штедилницата ФУЛМ е наградена со „СЕРТИФИКАТ за усогласеност со Европскиот кодекс на добро однесување при одобрување на микрокредити“ издаден од Европската комисија, Дирекција „Вработување, социјални односи“.
Особено, горди сме што Штедилницата ФУЛМ е единствената финансиска институција која е сертифицирана во РС Македонија како една од 47-те финансиски институции во Европа. На следниот линк е листа на финансиски институции што го исполнуваат овој сертификат издаден од Европската комисија.
На крај пренесуваме дел од оригиналната порака од Европската комисија за нивото на усогласеност со сертификатот на Штедилницата ФУЛМ: „Во име на Управувачката група, би сакал да ги поздравам вашите напори за постигнување импресивна глобална оцена на усогласеност од 99% (153 клаузули од 154), надминувајќи го минималниот праг од 80% “.
Прочитајте повеќе на:
Европски кодекс на добро однесување за обезбедување на микрокредити
СЕРТИФИКАТ за усогласеност со Европскиот кодекс на добро однесување при одобрување на микрокредити
Соработки
Мисијата на МФО е да придонесе за создавање општество во кое одржливиот микрофинансиски сектор ќе испорача адекватни финансиски и нефинансиски услуги за намалување на сиромаштијата преку промоција на претприемништво и развојот на микро и малите претпријатија и други лица кои имаат отежнат пристап кон финансиски услуги.
Сојузот на Микрофинансиски организации е основан во 2011 година, од ЗГ ФУЛМ, ЗГ ЦЕП Можности, МФ Хоризонти и Македонска Развојна Фондација за Претпријатија (МРФП).
Целите на Сојузот се:
• Подобрен пристап до финансиски услуги, како моќен инструмент за развој на претприемништвото и намалување на сиромаштијата, преку интензивна комуникација со целните групи и воведување на иновативни продукти со користење на информатички и комуникациски технологии;
• Подобрено деловно опкружување преку поголема инклузивност на деловната заедница и невладиниот сектор во носењето и имплементирањето на легислативата и регулативата во организирана форма;
• Промовирање и развој на претприемништвото, поттикнување иновации и развој на партнерства;
• Подобрен капацитет на членките на Сојузот;
• Остварување на заедничките интереси на членките на Сојузот преку интензивна и активна комуникација со сите релевантни чинители во областа на заедничкото дејствување.
На иницијатива на членките, а по спроведени консултации со засегнатите страни, во рамки на Сојузот е изготвена апликација за проектна поддршка, која беше поднесена со УСАИД и за која беше добиена согласност за финансиска поддршка за серија на активности во рамките на програмата:
Инклузија и иновации во микрофинансирањето
Главна цел на проектот е подобрен пристап до финансии според потребите на домаќинствата со ниски приходи, претприемачите и малите и микро-претприемачи. Овозможувањето на полесен пристап до финансии за овие категории ќе овозможи создавање на нови работни места, кои од друга страна водат до економски раст и намалување на сиромаштијата како конечна цел на проектот.
Сојузот на Микрофинансиски организации, во соработка со Македонската Развојна Фондација за Претпријатија како спроведувач на проектната активност, отпочна со реализација на серија обуки за унапредување на финансиските знаења на пошироки групи на популацијата, во повеќе градови низ Македонија, која ќе опфати над 600 лица од повеќе категории, меѓу кои и ранливите социјални групи, земјоделци, микро- и мали претприемачи, нови бизниси, студенти итн. На обуките, учесниците ќе добијат информации за финансиското планирање, извештаи, видовите на кредити, камати, и други важни податоци од страна на потврдени експерти.
Македонската банкарска асоцијација (MBA) e единствено правно лице и облик на здружување преку кое банките и штедилниците од Република Македонија дејствуваат заради остварување развој и унапредување на нивното работење.
Штедилница ФУЛМ е член и основач на Македонската банкарска асоцијација (MBA) заедно со 15 банки и уште една штедилница во РМ, кои работат согласно одредбите од Законот за банки и поединечните акти донесени од гувернерот на Народната банка на Република Македонија. MBA е членка на Европската банкарска федерација со седиште во Брисел.