ПОЛИТИКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Политика за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финанасирање на тероризам на Штедилница ФУЛМ
Со Политиката за спречување перење на пари и финансирање на тероризам се пропишуваат :
(1) Мерки и дејствија за откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризам (во понатамошен текс: мерки и дејствија) и субјектите кои ги превземаат
2)Програма за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам
3) Известување кон Управата за финансиско разузнавање
4) Размена на информации
5) Законски санкции
Штедилницата е должна да врши ажурирање на документите и податоците потребни за следење на деловниот однос со клиентите со висок ризик согласно проценката на ризик,а најмалку еднаш годишно. За сите други ажурирањето ќе се врши најмалку еднаш на 5 години или по проценка на ризик