Политика за управување со пазарниот ризик
ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАЗАРНИОТ РИЗИК
Управувањето со пазарниот ризик ќе се врши преку следните елементи:
- Управување со каматните стапки (преку Политиката за управување со ризикот од промена на каматните стапки)
- Управување со ризикот на валута (преку Политиката за управување со валутен ризик)
- Управување со ликвидносниот ризик (преку Политиката за управување со ликвидносниот ризик
- Управување со ризикот на партнери во тргување
Механизми во управување со ризикот на партнери во тргување се:
- Одобрени партнери-Штедилницата врши трансакции само со партнери во тргување одобрени од Единствениот содружник врз основа на анализата на Комитетот на Штедилницата
- Минимум кредитен рејтинг – Штедилницата врши трансакции само со партнери во тргување со добар кредитен рејтинг при што за подолг рок потребен е партнер со подобар кредитен рејтинг
- Лимити на изложеност спрема еден партнери во тргување – согласно Политиката за начин на утврдување на поврзани лица и лимити на изложеност