Кампања за бесплатна промоција на ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ НА ЖЕНИТЕ

marija Настани и Промоции

Image

Оваа пролет ја започнуваме ИНИЦИЈАТИВАТА - ЗАЕДНО да го направиме светот поубаво место за живеење..

Во духот на зелената агенда 2030, преку кампањата
,,АКО САКАШ ДА СИ IN- БИДИ ECO-GREEN!”
 Штедилница ФУЛМ дава поддршка на сите иновативни, зелени идеи и бизниси
кои работат во насока на одржливиот развој, зачувување на планетата земја, заштита на околината ...
Токму затоа, во месецот на жената, Штедилница ФУЛМ,  поттикната од Форумот на жени-лидери на ФУЛМ Македонија
нуди бесплатна промоција на ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ НА ЖЕНИТЕ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА
на веб страната и социјалните медиуми на ФУЛМ,
со цел поттикнување на зеленото социјално претприемништво и можност за презентација на Вашите бизнис идеи,
производи и услуги на пошироката јавност, како и поттикнување на свесноста за зачувување на животната околина и
штедливо и паметно искористување на обновливите ресурси преку овие бизниси. 
Кампањата за бесплатна промоција на ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ НА ЖЕНИТЕ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА
има за цел да ги поттикне и охрабри жените во Македонија за да преземат иницијатива за подобрување
на сопствениот живот и напредок, напредокот на членовите на своите семејства и пошироко – за целата заедница!

Како да се пријавите за БЕСПЛАТНА промоција на Вашиот бизнис?

Пополнете го формуларот за интерес за ЗЕЛЕНА БЕСПЛАТНА ПРОМОЦИЈА  на ОВОЈ ЛИНК

A потоа ќе бидете контактирани за понатамошни насоки за промоцијата на Вашиот бизнис. 


Следете не' на социјалните медими Facebook и Instagram 


Поврзувањето на жените, инспирацијата која жените лидери ја даваат во своите средини, а со тоа ги поттикнуваат и охрабруваат жените од нашата земја и ширум светот е суштината на постоењето на Форумот на жени лидери на ФУЛМ Македонија, основан во 2016 година, како дел од Глобалната мрежа на жени лидери GWLN и Светскиот совет на кредитни унии WOCCU