Соња Димитровска – Изработувач на восочни обвивки

Image Image Image Image Image

Jaс сум Соња Димитровска, пензионер. Со многу ентузијазам и желба за живеење во еколошки чиста животна средина создадов ЕКО восочна обвивка, од 100% памучен материјал и природен пчелин восок, како еколошка амбалажа за повеќекратна употреба. Наменета е за завиткување на овошје, зеленчук, зачински растенија или леб. Особено е практична за одржување на свежината на половинки лимон, портокал, јаболко, авокадо, магдонос, целер, морков, кашкавал, итн. Може да се користи и за пакување сендвичи, за покривање садови, за завиткување на цвеќе и сл.

ЕКО восочната обвивка е еколошка замена за сите видови на пластични и алуминиумски фолии  за еднократна употреба. Со нејзиното повеќекратно користење превенираме создавање на отпад. Храната во обвивките останува подолго свежа и не ја фрламе непотребно. Обивката ја заштитува животната средина намалувајќи ја употребата на пластика.

Верувам дека со мала промена на секојдневните навики можеме многу да помогнеме, себеси и на околината. Со вистински свесен избор и здрави навики можеме да живееме поквалитетен живот.  Доколку се потрудиме малите еко навики да ги внесуваме во нашето секојдневие не само што ќе придонесеме за заштита на животната средина од дополнителен отпад, туку и за значајна заштеда на парични средства.


Со вистински свесен избор и здрави навики можеме да живееме поквалитетно и подолго!

Контакт информации:

https://www.facebook.com/ekovosocniobvivki

https://www.instagram.com/ekovosocniobvivki

071/ 289-950

Соња Димитровска 

*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

КРЕДИТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПРИМАЊА
Целна група • Невработени лица со дополнителни лични примања
Износ на кредитот • Од 10.000 до 400.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месец
Потребно обезбедување • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)
Каматни стапки Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци и
• Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот – за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци.
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит • Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите
• Целосно пополнети обрасци за кредит
Предност ·Исплата во готово или на трансакциска сметка

·Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

·Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

*Валута МКД: денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година, имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.

*Годишна променлива каматна стапка. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми (СВТ)

Согласно Одл. од 17.12.2016