Марта Минаркова – Репарирање и реупотреба на стар мебел
Сопственик на фирмата СПИН СТУДИО ДИЗАЈН, Марта Минаркова – магистер во Дизајн на Ентериер и мебел, со работно искуство 12 години во оваа област. Љубовта кон дизајнот, а воедно и желбата за користење на еколошки пристап во работата се главните причини за водење на еден ваков зелен бизнис веке седма година SPIN се занимава со репарирање и реупотреба на стар мебел во нови и уникатни дизајни, како и со внатрешно уредување на ентериери каде се применуваат претежно еколошки принципи..
Најголемиот дел од стариот мебел завршува како дел од отпад, а кај нас за жал некогаш и како огревно средтсво, па затоа првенствено целта на Спин е намалувањето на отпадот и влијание врз намалување на загадувањето на воздухот. Придонес е и задржувањето на културната вредност на стариот мебел кој денес се заменува со ново сериоско производство на мебел, од материјали кои немаат еколошко потекло.
Контакт информации:
www.facebook.com/spinfurniture
078/ 262-229
Марта Минаркова
*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање