Олга Рајчиќ – мобилна апликација ,,Challenger”

Image Image Image Image Image

Челинџер“ е мобилна апликација која ги наградува своите корисници за секој поминат километар при пешачење, трчање и возење велосипед. Секој километар носи поени, кои подоцна корисниците може да ги искористат за добивање попуст од локални бизниси. Дополнително постојат и предизвици каде најбрзите добиваат директни награди од бизнисите. Моментално броиме 7.000 корисници, а имаме поминато повеќе од 1 милион зелени километри. Дополнително секој наш корисник може да види колку CO2 емисии во воздухот има заштедено.

Контакт информации:

www.challenger.mk
www.facebook.com/ChallengerMKD

078/452-121
Олга Рајчиќ

*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

КРЕДИТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПРИМАЊА
Целна група • Невработени лица со дополнителни лични примања
Износ на кредитот • Од 10.000 до 400.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месец
Потребно обезбедување • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)
Каматни стапки Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци и
• Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот – за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци.
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит • Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите
• Целосно пополнети обрасци за кредит
Предност ·Исплата во готово или на трансакциска сметка

·Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

·Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

*Валута МКД: денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година, имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.

*Годишна променлива каматна стапка. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми (СВТ)

Согласно Одл. од 17.12.2016