МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КРЕДИТНИТЕ УНИИ 2024

Бојана Башовска Настани и Промоции

Image

🥳Честит Ден на кредитните унии! Во духот на темата „Еден свет преку кооперативни финансии“, денес ја славиме силата на заедницата и солидарноста. Кредитните унии не се само финансиски институции; тие се места каде што довербата, поддршката и заедничките цели се на прво место.
Секое членство во кредитна унија претставува чекор кон посилна и поинклузивна финансиска иднина.
Заедно можеме да создадеме подобри можности за сите, да ја зголемиме економската стабилност и да обезбедиме поддршка за нашите членови. Ви благодариме што сте дел од оваа важна мисија.
Заедно, можеме да изградиме посветла иднина за сите нас!

По тој повод, Ве покануваме да ги посетите Вашите филијали на 17 октомври 2024 (четврток) и заедно да го прославиме овој Важен ден, да споделиме колку ,,луѓето помагаат на луѓе” како основна движечка мисла и сила во 25 годишното работење на Штедилница ФУЛМ со визија за поквалитетен живот за сите нас!🥰

Благодарни сме што 25 години ни давате неизмерна поддршка за да може заедно да градиме посветла иднина за сите Вас, преку користењето на финансиските услуги на ФУЛМ:

*Членство

*Штеден влог

*Кредит

*Електронско банкарство

*Мобилна апликација

*Фан на социјалните медиуми на Фулм

(Facebook, Instagram, YouTube и LinkedIn)

 

25 години со Вас,

Штедилница ФУЛМ

www.fulm.com.mk