ПР објава на првиот подкаст "Луѓе помагаат на луѓе"-„25-годишна посветеност: Атанас Манушев открива тајни на успехот“

Бојана Башовска Настани и Промоции

Image

На 19-ти март во месецот на жената, го прославивме основањето на Штедилница ФУЛМ, горди сме на своите успешни 26 години посветеност, работејќи во духот на заедништвото, солидарноста, пријателството и партнерството со сите наши членови.

Во овие 26 години посветеност и искуство, имаме уште еден повод за славање, оваа година нашиот колега Атанас кој воедно е првиот вработен, ја заокружува својата кариера и оди во пензија. Но, наместо да се повлече во сенка, тој реши да го раскаже својот работен пат – преку првиот подкаст на Штедилница ФУЛМ, „Луѓе помагаат на луѓе“, кој е посветен на младите и нивните можности, а Атанас ги споделува своите животни лекции и искуства, со цел да инспирира нови генерации да веруваат и да работат на подобра верзија од себе. Ова е негов начин да остави траен печат и да продолжи да помага дури и во пензија.
Додека на сајтот Pari.com.mk ке можете да прочитате нешто повеќе:
https://pari.com.mk/25-godisna-posvetenost-atanas.../