Почитувани студенти!
Нашиот сон да бидеме вашата финансиска и едукативна поддршка го остваруваме уште од 2004 година кога го одобривме првиот студентски кредит во Македонија!
Повеќе од 13 години сме дел од вашите животи и желби, од вашите соништа…
…и ова е еден од нив…
Дали вашиот сон е WORK & TRAVEL?
Дали веќе бевте или би сакале да одите?
Споделете го со нас вашиот сон и ОСВОЈТЕ СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА!
Како?
Многу едноставно! Со ЕДНА фотографија и ПЕТ реченици!
Доколку веќе сте биле на W&T – Пратете ни електронска фотографија од вашето W&T искуство и опишете го во 5 реченици
Доколку би сакале да одите – Пратете ни електронска фотографија од вашиот сон за W&T и опишете ги вашите очекувања во 5 реченици
СТУДЕНТСКАТА СТИПЕНДИЈА ЌЕ БИДЕ ДОДЕЛЕНА НА
НАЈКРЕАТИВНАТА, НАЈИНСПИРАТИВНАТА И НАЈОРИГИНАЛНАТА ПРИКАЗНА (ФОТО & ТЕКСТ)
На Светскиот ден на кредитни унии 19 октомври 2017 година
Период за пријавување?
Натпреварот ќе трае од 15 септември до 11 Октомври, 2017 година
Кој може да учествува во натпреварот?
СИТЕ СТУДЕНТИ ОД СИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ!
Што добивате?
Студентска стипендија e со паричен износ во висина на годишните трошоци потребни за една година студии.
Студентот-победник добива и подарок, штедна книшка со почетен членски депозит од 600 денари.
Освен за добитникот, предвидени се и други подароци за најдобрите приказни.
Студентската стипендија ја доделуваат: Здружението на граѓани ФУЛМ, Штедилница ФУЛМ доо Скопје, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA).
Како да учествувате?
Пратете ја вашата фото & приказна на:
Во порака на Фејсбук профилот на Штедилница ФУЛМ, или
На e-пошта: fulmstedilnica@gmail.com, со назнака:
За студентска стипендија – My Work&Travel dream
Во пораката треба да пратите:
Фотографија (во jpg или png формат);
Текст-приказна во 5 реченици, во word, или директно во пораката;
Изјава за согласност за јавна објава на вашата приказна и фотографија (преземи тука), треба да ја потпишете и да ја пратите
скенирана или фотографирана (изјавата може да ја подигнете и од шалтерите на Штедилница ФУЛМ);
Име и презиме, адреса и место на живеење, име на Универзитет/Факултет каде што студирате, година на студии, e-пошта адреса и телефонски број за контакт;
Доколку веќе ги користите нашите финансиски услуги, задолжително напишете го членскиот број (0Х-00ХХХХ).
Напомена:
Пријавите со вулгарна содржина и оние кои не ги содржат сите горенаведени барања нема да учествуваат во натпреварот.
Вработените и органите на управување на ФУЛМ, како и членовите на нивните семејства, немаат право на учество на натпреварот за студентска стипендија.
ИНФО:
За дополнителни прашања и информации, слободно пишете ни порака на Фејсбук профилот или на инфо-мејлот: fulmstedilnica@gmail.com , на Штедилница ФУЛМ.