Кредит за земјоделци
Новата земјоделска година, неопходно претпоставува и потреба од дополнителни финансиски средства за инвестирање во земјоделството. Сè што ви е потребно за плодна година како што се трошоците за семиња, најлони, метални цевки, хумус, систем капка по капка и механизација, може да го набавите со помош на кредитот за земјоделци на ФУЛМ.
Имајте успешна приказна и Вие како и повеќе од 2300 земјоделци на коишто им помогнавме за да ги реализираат своите планови во изминатите 24 години
|
||||
Целна група | • Лица кои се занимаваат со земјоделие | |||
Износ на кредитот | • од 10.000 до 700.000 денари* | |||
Рок на отплата | • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци • Максимум грејс период 12 месеци |
|||
Потребно обезбедување | • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ) | |||
Каматна стапка | Годишна, фиксна каматна стапка* (СВТ) | |||
Начин на плаќање | • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци и • Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот – за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци |
|||
Надомест |
Со важност од 01.03.2024 година
|
|||
Минимум критериуми за кредитот | • Физички лица, државјани на Република Северна Македонија •Корисникот на кредит добива поповолни услови доколку е член во ФУЛМ |
|||
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит | • Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите • Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите • Целосно пополнети обрасци за кредит |
|||
Предност |
•Исплата во готово или на платежна сметка •Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот •Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит |
*Валута МКД- денарски кредит.
*Годишна, фиксна каматна стапка. Штедилницата одобрува кредити со фиксна каматна стапка. Фиксната каматна стапка е непроменлива за наведениот периодот на кредитот. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми (СВТ)
Погледнете колку ќе изнесува Вашата рата за неколку варијанти на подигнат кредит и рокови на отплата