Студентски простор за сите студентски потреби и интереси

Студентски Простор

Поттикнати од глобалното движење на кредитните унии во светот за зголемување на бројот на млади членови и постојаната поддршка на сето она што го збогатува знаењето во животот на младите, Штедилница ФУЛМ е  постојано во функција на потребите на младите луѓе, преку:

  • Студентските кредити и депозити, за сите потреби на студентите
  • Студентската пракса, која отвара и можност за вработување,
  • Соработката со универзитетите, факултетите, студентските организации, како и
  • Соработката со агенциите со поддршка на work& travel програмата, апсолвентските екскурзии,
  • Едукацијата и обуките на студентите,
  • Фондот за студентска стипендија и се разбира
  • Студентските искуства, раскажани од студентите

Го исполнуваат овој СТУДЕНТСКИ ПРОСТОР – за сé она што ги интересира ѝм е потребно на студентите.

Студентски Кредити & Депозити

Студентските кредити на Штедилница ФУЛМ се единствени во својата намена и служат за покривање на сите потреби на студентите:

  • трошоци за упис/ партиципација;
  • книги и останата литература;
  • обуки, курсеви и професионални усовршувања;
  • образовни помагала, интернет, лап-топ и останати средства за комуникација;
  • станарина и трошоци за студирање надвор од местото на живеење;
  • програмата Work&travel  со цел здобивање практично искуство или едукација во другите земји во светот и др.; и
  • апсолвентска екскурзија.

Студентите можат да подигнат кредит од 10.000 до 700.000 денари, со рокови од 12 до 72 месеци, и со можност за грејс период од 12 месеци. Изберете некоја од понудите која најмногу ви одговара:

Студентски депозити – На располагање на студентите е ставена целата депозитна понуда на Штедилница ФУЛМ

Практична Настава

Почитувани Студенти,

Бидете дел од нашиот креативен и успешен тим преку можноста за практична работа на Штедилница ФУЛМ! Дознајте какво е чувството да сте вработени во една модерна финансиска институција!

Можеби токму вие ќе бидете нашиот иден колега!

Запознајте го финансиското и банкарско работење преку можноста за практична настава во Централата или некоја од филијалите на Штедилница ФУЛМ низ Македонија: Скопје, Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

да се студенти на додипломски или постдипломски студии;
предност имаат студентите од oпштествените науки со посебна предност на студентите од eкономските, правните или информатичките науки;
можноста е отворена за студентите од сите факултети и универзитети во Република Македонија;
да се во можност за извршување на пракса во работни денови со полно работно време;
предност имаат кандидатите кои ќе потпишат договор за тримесечна пракса;
праксата може да биде од еден до три месеци;
праксата со времетраење од три месеци е платена.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на: info@fulm.com.mk и да го пратат своето CV со назнака:  ,,За практична настава во Штедилница ФУЛМ”

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат дополнително исконтактирани за интервју.

Штедилница ФУЛМ секогаш е отворена за овозможување на студентска практична настава за студентите од универзитетите и факултетите со кои има деловна соработка и потпишано договори за изведување практична настава на студенти (или ќе воспостави во иднина).

Соработка со Факултети, Организации и Агенции

Штедилница ФУЛМ има остварено соработка со следните факултети и универзитети:

  •  ПВУ-ВСШ „Факултет за бизнис економија“ Скопје
  • Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје
  • Универзитет ,,Гоце Делчев” во Штип, Економски факултет – Скопје
  • ,,Приватен Научен институт за бизнис економија”- Скопје
  • Универзитет Американ Колеџ – Скопје
  • Европски универзитет- Скопје
  • Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово

 Штедилница ФУЛМ континуирано одржува одлични деловни односи со:

  •  Туристички и Work&Travel агенции – (Ameriquest, Наром, Коузон, Викинг, Аурора студенски сервис, Контекст, Астерија, Рапсоди травел, Делта МТС итн.;
  •  Студентски организации (SWT Alumni, AIESEC итн.);
  •  Други организации (Сојуз на микрофинансиски организации, МРФП итн.)

 Во соработка со факултетите и универзитетите креиравме заеднички пакет-понуди:

Штедилница ФУЛМ во соработка со Факултетот за бизнис економија- Скопје,
со заедничка понуда за полесно студирање

 

  • Потребна документација:
    • Барање за кредит за студентот и фотокопија од лична карта (пасош) и индекс или потврда од факултетот
    • Барање за жирант (може и родител) и фотокопија од лична карта(пасош)
    • Барањата може да се подигнат од: факултетот, нашата web страна, или од Шалтерите на Штедилница ФУЛМ)
  • Услови на кредитот:
    • Кредитот ги покрива сите трошоци на студирање и реализација на истиот
    • Кредитот треба да се подигне заклучно со 15 Септември, заради навремена уплата и упис на годината
    • Кредитот почнува со отплата од 1-15 Октомври со 12 еднакви месечни рати, и тоа:
      • Кредит 44.000 ден. со рата од 4.136 денари за редовни студенти, и
      • Кредит 50.000 ден. со рата од 4.700 денари за вонредни студенти,
    • кои треба да завршат најдоцна до почетокот на Септември наредната година, кога студентот поднесува барање за кредит за нови 12 месеци. Истото следи и наредната година.
    • Доколку кредитот се плаќа редовно, предвидени се попусти, во наредната година

Бонус информација: На секој студент му се отвара штедна книшка со 600 денари почетен штеден влог

За дополнителни информации, Ве молиме посетете нé или јавете се во најблиската филијала или шалтер на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје.

 

*) Пресметките на ратите се направени согласно последната важечка Одлука за услови под кои се врши кредитирање и Тарифата на Штедилница ФУЛМ. Доколку има промена во истите, ќе се променат и горенаведените износи.

Студентски ПРОМОЦИИ / НАСТАНИ / ОБУКИ

ФУЛМ има за цел да ги инспирира и мотивира студентите во насока кон својот професионален и личен развој. Во изминатите години организиравме и бевме присутни на многу студентски настани, отворени денови, презентации, обуки и работилници на факултетите и универзитетите во Република Македонија

Каде се гледаш за 5 години?

јануари 20, 2021

Каде се гледаш за 5 години? Можеби како успешен ИТ програмер или Графички дизајнер кој работи од било кое место во светот? Инвестирај уште денес во знаења и вештини кои ќе те однесат до кариерата што ја посакуваш со помош на Кредитите за студенти на Штедилница ФУЛМ ФУЛМ досега поддржа повеќе од 1000 успешни студентски приказни. Нека биде и твојата ...

Добитник на студентска стипендија за 2020 – Исидора Овезовска

декември 14, 2020

Г-ѓа Софија Соколова, Потпретседателот на ЗГ ФУЛМ упати искрени честитки за Исидора Овезоска, ВТОР добитник на ФУЛМ Студентска стипендија за 2020 година, од Филијала Тиквешија. ФУЛМ и нашиот пријател г-дин Дру Иган заедно со Лигата на кредитни унии на Мичиген и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат студентите во остварувањето на нивните образовни и кариерни цели. Во очекување на следниот ...

Доделување на ФУЛМ Студентска стипендија за 2020 година

декември 7, 2020

Г-дин Стево Андровиќ, Претседателот на ЗГ ФУЛМ упати искрени честитки за Марија Кржовска добитник на ФУЛМ Студентска стипендија за 2020 година, како и поддршка за нејзините планови и цели во образованието. ФУЛМ и нашиот пријател г-дин Drew Egan заедно со Лигата на кредитни унии на Мичиген и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат студентите во остварувањето на нивните образовни и ...

Прогласени победниците на ФУЛМ Натпреварот за студентска стипендија 2020

ноември 18, 2020

Имаме убави вести! Ги имаме добитниците на студентска стипендија и победници на Натпреварот за студентска стипендија за 2020 година. И оваа година заедно со нашиот драг пријател од Мичигенската лига на кредитни унии, Дру Иган овозможивме студентска стипендија за двајца учесници на Натпреварот за студентска стипендија за 2020 година да добие стипендија. Погледнете го видеото со порака до студентите и ...

Интервју со минатогодишниот добитник на студентска стипнедија, Александра Попова

октомври 14, 2020

1.Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?) -Студирам 2. Дали би сакале да посетувате пракса во ФУЛМ ? -Да би сакала 3. Дали мислевте дека е наместен натпреварот кога аплициравте за студентската стипендија ? -Не, немав воопшто такво мислење 4. Како се чуствувавте кога дознавте дека сте добитник на стипендија? -Многу среќно и исполнето 5. За што ги ...

Обраќањето на Дру Иган на прославата на јубилејот 20 години ФУЛМ

октомври 8, 2020

Погледнете го обраќањето по повод 20 години јубилејот на Штедилница ФУЛМ на нашиот пријател Дру Иган од Лигата на кредитни унии во Мичиген со чија поддршка беше основан Фондот за студентската стипендија. п.с. дали се пријавивте на Натпреварот за студентска стипендија за оваа година? Побрзајте! Останаа само уште 2 дена до истекувањето на рокот Аплицирајте на: https://www.fulm.com.mk/natprevar-za-studentska-stipendija-2020/  

Интервју со Моника Стоиловска, добитник на ФУЛМ студентска стипендија за 2018

октомври 6, 2020

Продолжуваме со серијата од интервјуа со досегашните добитници на ФУЛМ студентска стипендија. Каде се во моментов и што имаат да ви препорачаат доколку сакате се пријавите на Натпреварот за студентска стипендија? Прочитајте ги одговорите подолу од целото интервју со добитникот на ФУЛМ студентска стипендија, Моника Стоиловска 1. Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?) Студирам општа медицина на Медицинскиот ...

Интервју со Вероника Митреска, добитник на ФУЛМ стипендија за 2017

септември 28, 2020

Продолжуваме со серијата од интервјуа со досегашните добитници на ФУЛМ студентска стипендија. Каде се во моментов и што имаат да ви препорачаат доколку сакате се пријавите на Натпреварот за студентска стипендија? Прочитајте ги одговорите подолу од целото интервју со добитникот на ФУЛМ студентска стипендија, Вероника Митреска 1. Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?) Во моментов сум посветена на ...

Интервју со Андријана Димитријевиќ, добитник на ФУЛМ студентска стипендија

септември 23, 2020

1.Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?)   - Од неодамна завршив со студиите и се вработив како финансиски асистент во една странска компанија.  2.Кои се Вашите кариерни цели и во која област би сакале да ја насочите Вашата едукација понатаму? - По завршувањето на студиите, продолжувам со нови сили, со подготовка за професионално сертифицирање за овластен сметководител/ревизор (ACCA). ...

Интервју со првиот добитник на ФУЛМ студентска стипендија

септември 14, 2020

Започнуваме со серија од интервјуа со досегашните добитници на ФУЛМ студентска стипендија. Каде се во моментов и што имаат да ви препорачаат доколку сакате се пријавите на Натпреварот за студентска стипендија? Прочитајте ги одговорите подолу од целото интервју со првиот добитник на студентска стипендија, Ангела Буровска 1.Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?)  Во моментов работам како финансиски асистент ...

ОБЈАВЕН НАТПРЕВАРОТ ЗА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА 2020!

август 27, 2020

ФУЛМ НАТПРЕВАР ЗА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА 2020! Прифати го предизвикот и пријави се на шестиот по ред натпревар за студентска стипендија! За да учествуваш испрати ги твоите идеи за подобрување на студентскиот живот до глобалната заедница преку формата за апликација на следниот линк https://www.fulm.com.mk/natprevar-za-studentska-stipendija-2020/ Нека биде слушнат твојот глас! Ти посакуваме успех! 🙂

Можност за пракса во Штедилница ФУЛМ

март 4, 2020

Преку пракса до вработување во ФУЛМ

февруари 27, 2020

Преку пракса до вработување во Штедилница ФУЛМ Во време кога многумина ја гледаат својата иднина надвор од државата, една македонска компанија има визија како да делува во рамките на своите можности и да го смени начинот на размислување, особено на младите.  Штедилница ФУЛМ им нуди практикантска работа на студентите на сите факултети и универзитети во Македонија, со тоа што предност ...

W&T искуството на Ѓорѓи Митревски

февруари 24, 2020

Прва студентска стипендија во Кавадарци, Филијала „Тиквешија“

февруари 19, 2020

Доделување на првата студентска стипендија во Кавадарци, Филијала „Тиквешија“. Честитки, Ѓорѓи, ти посакуваме успешни студии!

Доделување на студентска стипендија за 2019 година

февруари 12, 2020

Доделување на првата студентска стипендија за 2019 г. Честитки, Александра. Вервуваме дека ќе нè направиш горди на твоите достигнувања во образованието!  

Добитници на Студентска стипендија 2019

февруари 6, 2020

Нашиот драг пријател од Мичигенската лига на кредитни унии, Drew Egan со порака до студентите и честитки за добитниците Студентската стипендија за 2019та. Честитки дечки и од нас 

Work & Travel Приказната на Лилјана Чилевска

јануари 28, 2020

Студентска стипендија 2019

октомври 17, 2019

Го објавуваме петтиот по ред Натпревар за студентска стипендија. Погледнете од видеото како да учествувате. Можеби сте вие следниот добитник на стипендијата од ФУЛМ    

СО СТАРТ-AП БИЗНИС ИДЕЈА ДО СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА!

септември 7, 2018

ВАЖНО ❗❗❗ 👉 На барање на студентите и големиот интерес за Натпреварот за студентска стипендија, Ве известуваме дека го пролонгираме рокот за достава на вашите апликации ДО 31 ОКТОМВРИ 2018г.! ГОЛЕМО БРАВО 👏 за сите студенти, кои досега аплицираа и испратија ЕКСТРА КРЕАТИВНИ ИДЕИ! Ова е дополнителна можност за останатите, кои мислеа дека ја пропуштија шансата... Аплицирајте! Инфо за натпреварот имате подолу во текстот ⬇ #itisnevertoolate #scholarship #stipendii #studenti#creativity ...

  • Специјализирани бесплатни работилници и обуки за членовите на ФУЛМ,со општ назив ,, Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, проект финансиран од УСАИД, во соработка со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Сојузот на микрофинансиски организации (СМO).

          Сигурни сме дека овие обуки ќе ги продлабочат вашите знаења и ќе ги зголемат вашите бизнис-контакти и можности за вработување или отпочнување сопствени бизниси.

          Доколку сте заинтересирани за обука, Ве охрабруваме вашиот интерес да го пријавите на следната е-маил адреса: info@fulm.com.mk,  со назнака:

Интерес за бесплатни обуки за студенти, при што ќе ги наведете вашето име и презиме, членскиот број и телефонскиот број.

Студентска Стипендија

ФУЛМ Македонија, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), во 2014 година го основаа Фондот за студентска стипендија, со цел за поддршка на едукацијата на младите луѓе во Република Македонија.

  • Placeholder

  • Placeholder

Симона Крстева од Струмица , студент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – победник и добитник на студентската стипендија за 2022. Штедилница ФУЛМ ќе се потруди да ја реализира предложената зелена идеја на Симона и веруваме дека ќе ги поттикнеме сите субјекти од приватниот и државниот сектор да го следат нашиот пример.

  • Placeholder
  • Placeholder
Ана Гаштарова од Битола, студент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ,- победник и добитник на студентската стипендија за 2021, која добива паричен износ во висина на трошоците за една студиска година и штедна книшка од ФУЛМ со 600 денари членски депозит.
2. Митко Иванов од Струмица, студент на Медицинскиот Факултет во Скопје, победник за најдобар текст ,,од Facebook публика”,
на кој ќе му биде доделен Сертификат и пригоден подарок од ФУЛМ.
  • Placeholder
  • Placeholder

2020. Честитки за Исидора Овезовска и Марија Кржовска кои се победници на ФУЛМ натпреварот за студентска стипендија за 2020 година со наслов “Мојата инспиративна порака до глобалната заедница”. ФУЛМ и нашиот пријател г-дин Дру Еган заедно со Лигата на кредитни унии на Мичиген и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат студентите во остварувањето на нивните образовни и кариерни цели. Во очекување на следниот Натпревар за студентска стипендија за 2021 година Ве поздравуваме со мисли за добро здравје за Вас и Вашите најблиски!

  • Placeholder
  • Placeholder

2019. Честитки за Ана Попова и Ѓорѓи Митревски кои се победници на петтиот натпревар за студентска стипендија на ФУЛМ & Michigan Credit Union League & Affiliates (USA). Вашите идеи за “Што можеме да направиме заедно повеќе за доброто на нашите граѓани?” беа навистина инспиративни и ни помогнаа во обликувањето на нашиот правец на движење во иднина. Ние во Штедилница ФУЛМ се гордееме што имавме можност да ве запознаеме и наградиме! Веруваме дека ќе не направите горди на вашите идни достигнувања во образованието!
Продолжуваме да бидеме најсилната поддршка на студентите!

2018. Честитки на Моника Стоиловска за победата на четвртиот натпревар за студентска стипендија на ФУЛМ& Michigan Credit Union League & Affiliates (USA) како и за особениот труд на Дамјан Серафимовски и Теодор Данилов! Старт-ап бизнис идеите на овие прекрасни млади луѓе беа избрани за најдобри! Ние во Штедилница ФУЛМ се гордееме што имавме можност да ги запознаеме и наградиме!
Продолжуваме да бидеме најсилната поддршка на студентите! 

  • 19 октомври, 2017 на Педагошкиот факултет во Битола, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Прослава на Светскиот ден на кредитните унии International Credit Union (ICU) Day и прогласување на победникот и добитник на студентската стипендија за 2017, Вероника Митреска, студент на Правниот факултет “Јустинијан I”, Скопје. Вероника, со својот труд освои макимум поени и победи на натпреварот за студентската стипендија со наслов: My Work & Travel dream. Благодарност за work&travel агенциите- соработници на ФУЛМ и на прекрасните домаќини, цертификати и подароци за новиот стипендист на ФУЛМ и за најинспиративниот победнички work&Travel dream на Ангела Атанасова, студент на Филозофскиот факултет, при УГД Штип, на организираниот Facebook натпревар .
  • 20 октомври 2016 година – Добитник на Студентската стипендија беше Андријана Димитријевиќ, студент на Економскиот факултет – Скопје,која што покажа најдобри резултати на ФУЛМ натпреварот за знаење на тема кредитни унии,, во конкуренција со повеќе од 100 кандидати. Централниот настан за прославата на Светскиот ден на кредитните унии и доделувањето на стипендиите се одржа на УКИМ -Економскиот факултет во Скопје. На добитничката на стипендијата и на второпласираниот на натпреварот – Бојан Лозановски, студент на ФЕИТ, им беше доделена и штедна книшка од Штедилница ФУЛМ со членски депозит, како поттик за штедење и вложување во сопствената иднина.

15 октомври 2015 година – го добивме првиот стипендист на ФУЛМ. Беше објавен натпревар за изработка на есеј на тема: Значењето на кредитните унии за светот и за Македонија. Право на учество на натпреварот имаа сите студенти од сите универзитети во Република Македонија. Пристигнатите трудови беа разгледани од посебна стручна комисија, по што беше објавен и победникот на натпреварот – Ангела Буровска, студент на Економскиот факултет, УКИМ, Скопје. Церемонијата за објавување и доделувањето на Сертификатот за победа на Натпреварот и освојување студентска стипендија се одржа на 15 октомври 2015 година, на Светскиот ден на кредитни унии, во просториите на Штедилница ФУЛМ- Филијала ЈСП, Аеродром.
 

Студентски Искуства