Денес Ви го претставуваме нашиот член и учесник во кампањата „Мој бизнис – Моја слобода”, Марија од Скопје којашто две децении го раководи својот малопродажен бизнис за облека, бутикот Мариник. Бутикот се наоѓа во непосредна близина на нашата филијала во Аеродром на Булевар „Јане Сандански” 7/1 во Скопје.
Таа е релативно задоволна со својата работа. Тежок е опстанокот за сите мали претпријатија во овој период во услови на вирусот Ковид-19, па и за мојот бизнис исто така, вели во разговорот Марија за себе. Работата е драстично намалена, но сепак работиме и во целост ги почитуваме мерките за заштита препорачани од здравствените власти со цел да го заштитиме здравјето на сите нас.
Марија своето слоодно време го исполнува со многу рачни изработки на коишто е посебно горда. Во прилог ви презентираме некои од нив.
Во надеж за подобри денови и повторно враќање на работите во нормала Марија ве поздравува и ве поканува да ја посетите и да се подновите со некое парче нова облека.
Контакт телефон: 070 536 407