Како учесник од кампањата ,,Мој бизнис –Моја слобода”, Ви претставуваме една од успешните жени-претприемачи, член на ФУЛМ и Форумот на жени на ФУЛМ Македонија.
Антица Гавриловска Благадуша е претприемач- уметник од Скопје, која изработува аранжмани од чоколади и бонбони, декорации за свадби, прослави, аранжмани на маси и столици… Антица може да ја контактирате преку нејзиниот Фејсбук профил “Бонбонерија Благадуша” , како и да погледнете дел од нејзините изработки.