Владанка Спасовска Тофиловска, с.Раотинце, Тетово
Јас и моето семејство живееме убав и мирен живот, во хармонија, со сите убавини кои ги носи нашето прекрасно село Раотинце, сместено во подножјето на планината Жеден и низ кое тече реката Вардар. Со труд направивме прекрасна куќа, со убав двор прекриен со цвеќиња.
Како и секој човек што се обидува да си го направи животот полесен и подобар, така и кај нас се јави потребата за автомобил. Освен тоа, сакавме да ги заштитиме децата од секакви невремиња патувајќи со автобус. Сосема доволно ни беше да купиме некој половен автомобил. Иако јас и мојот сопруг работиме во приватни фирми, од каде што остваруваме пристојни приходи за нас и нашето семејство, сепак немавме доволно средства, да го решиме проблемот самостојно, па донесовме одлука да побараме најповолна можност за кредит.
Се обративме во Штедилница Фулм, во Тетово, и од вработените разбравме дека можеме да користиме поволен кредит и да купиме половен авомобил. Веднаш поднесовме барање и целата процедура се заврши брзо и на општо задоволство, наше, и на децата. Пресреќни сме што донесовме вака добра одлука, а нашиот автомобил е тука да одговори на нашите секојдневни потреби.
Поздрав до Штедилница Фулм –Тетово.